Вучиќ и Тачи пред финален чекор до решение за Косово?

-Ние не сме проблематични момчиња, ние сакаме да постигнеме договор.

Го започнуваат ли Тачи и Вучиќ финалниот чекор за постигнување договор за границите меѓу двете земји. На синошниот европски форум во Алпбах, Австрија и двајцата ја повикаа меѓународната заедница да им дозволи самите да го решат билатералниот проблем, какво и да биде решението. Ниту јас го сакам Тачи, ниту тој мене, рече српскиот претседател, посочувајќи дека двајцата работат на заеднички компромис, кој треба да стави крај на замрзнатиот конфликт.

-Без поддршка на ЕУ никогаш нема да стигнеме до решение. И тогаш сите ќе бидат задоволни, зашто никој нема да знае каде ни се границите. Хашим ќе рече едно, јас ќе речам друго. Половина свет ќе биде на негова страна, половина на моја. И што правиме тогаш, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

-Од моја перспектива, решението вклучува и корекција на границите. Државите од регионот и земјите членки на Унијата не треба да се плашат од потенцијалниот мировен договор меѓу Косово и Србија, па дури и ако тој договор, предвидува и корекција на границите, изјави Хашим Тачи, претседател на Косово.

За поранешниот амбасадор Ристо Никовски се работи за опасно сценарио, кое ако се реализира, нема да ја одмине и Македонија.

-Не е воопшто случајно дека решението за решение со размена на територии доаѓаат не само до Белгад и Приштина, туку и од САД и Русија. Има поширок договор околу тоа прашање. Сега се оди на пошироки глобални регионални решенија. Се работи за нови намери, кои ќе бидат апсолутно катастрофални за регионот, но и за Македонија, вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Едно од сценаријата за размена на територии, кои го објавија медиумите, е Косово да го добие Прешево, а за возврат, на Србија да и припаднат четирите косовски општини со мнозинско српско население.

Пред два дена американскиот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, изјави дека Вашингтон ќе прифати и промена на териториите, ако за тоа се договорат двете страни.

Брисел и натаму е категорично против какви било прекројувања на границите на Балканот.

Порно актерка ги возбуди фудбалските навивачи (ФОТО)

Во текот на изминатиот викенд, завршија натпреварите во италијанската Серија Б, а крајот на сезоната го означи враќањето на Салернитана по 23 години во највисокиот ранг.

Навивачите на италијанскиот клуб од градот Салерно бурно го прославија пласманот во Серија А, а фотографијата од прославата на една од навивачките го обиколи светот.

Италијанските медиуми наскоро објавија дека атрактивната дама што ја рекламираат светските медиуми е всушност 40-годишната порно актерка Присила Салерно.

"Во добро и лошо, вашата кума секогаш ќе биде таму. Моето срце чука забрзано за местото во Серија А, следната година сме шампиони", напишала Присила и објавила фотографии од прославата на својот Инстаграм профил.

Австријка стана хит поради еластичноста, си сипува чај со нозете (ВИДЕО)

Стефани Милингер од Австрија стана хит на социјалните мрежи. Нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии и видеа кои покажуваат колку е еластична.

Флексибилната 28-годишна Австријка го витка своето тело на навидум незамисливи начини, а својот талент го покажа и во германската верзија на шоуто Суперталент.

"Главно добивам различни реакции. Луѓето или коментираат дека работите што ги правам се глупави и дека го ризикувам мојот живот поради кликови или ме поддржуваат затоа што го работам она што го сакам. Јас само сакам да покажам што сум способна да направам", изјави Стефани за Метро.

Таа исто така пронашла интересен начин да сипува чај, а научила и да слика и држејќи ги четките со прстите на нозете.

Трамп ја зајакнува позицијата во неговата партија, ја смени од важна позиција Лиз Чејни

Доналд Трамп денеска го потврди своето влијание врз републиканците со исфрлањето од партискиот врв на Лиз Чејни, која  не ја толерира.

Таа конзервативна лидерка „нема личност и не направи ништо добро за нашата политика и за нашата земја“, коментира поранешниот претседател на САД и поранешен магнат за недвижнини.

Со затворено гласање за само неколку минути, 212 републиканци во Претставничкиот дом ја тргнаа Чејни од позицијата трета по ранг во пратеничката група на републиканците.

„Немаше многу гласови“ за да ја поддржат, изјави пред новинарите пратеникот од Флорида, Бајрон Доналдс, кој гласаше за нејзино разрешување.

„Ќе направам се што е во моја моќ да се осигурам дека поранешниот претседател никогаш повеќе да не влезе во Овалната соба“, одговори Лиз Чејни веднаш по гласањето.

„На земјата и треба силна републиканска партија заснована врз главните принципи на патриотизам и ветувам дека ќе дадам се од себе партијата да оди во таа насока“, рече ќерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Лиз Чејни негодуваше против Доналд Трамп и немилосрдно ја критикуваше неговата „голема лага“ кога без докази тврдеше дека неговите последни претседателски избори биле „украдени“ и го обвини за поттикнување приврзаниците на насилство и упадот во Капитол.

Чејни, како и уште девет републиканци од долниот дом, гласаа за отповикување на Трамп на 13 јануари под обвинение за бунт по смртоносниот напад на американскиот Капитол една недела претходно. Останатите 197 гласа беа против отповикувањето.

Лиз Чејни (54), ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни, беше во републиканската администрација пред нејзината прва победа на изборите за Конгресот во 2016 година.

притисни ентер