Царовска: До крајот на годината ќе отвориме 24 нови градинки, згрижуваме деца во руралните места

До крајот на годината Министерството за труд и социјална политика планира да отвори вкупно 24 нови градинки низ Македонија со буџет кој изнесува 41,6 милиони денари и е за 44% поголем од парите искористени за истата намена лани.

11 од објектите се веќе отворени и имаат капацитет за над 600 деца кој е речиси пополнет, а обезбедени се и 86 вработувања. Останатите 13 градинки е планирано да профункционираат до крајот на 2018 година, со вкупен капацитет за 682 деца и 97 нови вработувања. Ова го рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната прес конференција во Владата.

„Оваа Влада освен што инвестира повеќе пари во детската заштита, посветено работи и на подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, дури и во општините кои со години беа запоставувани. Дури 80 проценти од градинките што ги отвораме се во рурални места, а некои од нив и за прв пат добија детски градинки“, рече Царовска.

Децата од овие места ќе бидат згрижени на само неколку чекри од нивните домови, и повеќе нема да треба секојдневно да поминуваат километри за да одат во градинка.

Заклучно со август, е реализиран 42 % од планираниот буџетот за оваа намена за 2018, односно веќе се инвестирани 17,5 милиони денари во детски градинки. Оваа сума е речиси иста со сумата која била инвестирана од претходната власт за цела 2015 година, а е за околу 3 милиони денари поголема од потрошениот годишен буџет наменет за градинки во 2016 година.

Истовремено со зголемувањето на буџетот за детска заштита оваа Влада посветено работи на секое дете да му обезбедиме услови за подобар раст и развој. Затоа истовремено со подобрувањето на условите и ширењето на капацитетите работиме и на подобрување на кадарот во градинките. Сите 4.300 вработени, со септемвриската плата исплатена во октомври ќе добијат покачување од 5%. Исто така, од 01 јануари годинава досега МТСП, обезбеди финансиска согласност за вработување на над 900 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер