Колку вреди удрено Порше 959?(видео)

Една американска куќа ќе понуди на продажба оштетен примерок на овој класичен супер автомобил на Порше.

Кога се појавил пред повеќе од 30 години, Порше 959 ја носеше титулата на најбрз спортски модел. За време на седум години производство изработени се вкупно 337 примероци, од што во верзијата Комфорт 294 возила.

Автомобилот кој ќе биде понуден на продажба на аукцијата ги има токму Комфорт спецификациите, а од фабричката лента излегол во 1987 година и до денес поминал само 5885 км.

И додека кожниот ентериер е во одлична состојба, тоа не може да се каже за каросеријата која напред е оштетена, а куќата Mecum Auctions не откри детали за тоа како дошло до оштетувањето на автомобилот.

Сепак, како што е демонстрирало во видеото, овој 959 е во возна состојба - иако му недостига предно десно тркало. Погонскиот систем на Порше 959, како и кај 911, се наоѓа одзади. Во прашање е твин - турбо 2.8 литарски агрегат со 444кс, а силата се пренесува на сите 4 тркала.

Аукцијата ќе се одежи во Монтереј во Калифорнија, а се проценува дека 959 ќе биде продаден по цена помеѓу 450 000 и 550 000 долари (400 000 - 470 000 евра).

Иако тоа можеби изгледа премногу за автомобил во ваква состојба, Порше 959 - во зависност од тоа колку е зачуван - може да чини од милион па се до 2 милиони евра.

Бочварски: Патиштата се приоритет број еден на Владата

„Градиме модерен и безбеден автопат на Коридор 10.“

Коридорот 10 мора да го издигенеме на ниво на Европски коридор, за нас ова е многу важен патен правец, многу значајна транзитна патна врска и затоа мора да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат за да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзитот на овој Коридор, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта денеска извршија увид во рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово.

Инвестицијата е во вредност од 7,2 милиони евра, се работи на рехабилитација во вкупна должина од 10 километри во двата правци. Проектот предвидува проширување на автопатот дополнително со уште една лента, а градежните работи се очекува да се завршат за 12 месеци.

“ Од денеска со директорот на ЈП за државни патишта тргнуваме на терен со цел да направиме увид на се што се работи низ државата и да направиме максимален притисок за да ја засилиме градежната оператива на терен. Патиштата се приоритет број еден на оваа Влада, покажавме како се гради и продолжуваме со позасилена акција на терен. Веќе инвестиравме во рехабилитација на поголем дел од овој Коридор, остануваат уште неколку делници да се рехабилитаираат. Она што е многу важно е дека во следниот период ќе посветиме големо внимание на безбедноста преку замена на еластичната ограда, соообраќајната сигнализација и воведување на Интелегентен транспортен систем со кој значително ќе го подигнеме нивото на безбедност на ниво на европски стандарди”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов најави рехабилитација на нови делници од автпатот на Коридор 10.

“ Се наоѓаме на најстариот дел од автопатот којшто требало да се рехабилитира уште пред десетина години, но за жал не се направило тоа. Го информирав и министерот Бочварски дека на оваа делница Катланово-Петровец ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента. Во моментов на овој потег има само две коловозни ленти. Проширувањето ќе биде во внатрешниот зелен појас на автопатот со што ќе се избегне дополнителна експропријација. Овој регион ќе биде едно големо градилиште бидејќи во октомври ќе се распишат тендери за рехабилитација на автопатот А4 делница Хиподром–Петровец, Миладиновци–Петровец Миладиновци–Хиподром како и рехабилитација на регионалниот пат Р1102 делница Катланово–Велес. Оваа рехабилитација е една од 6-те кои се започнати пред десетина дена, а тоа се на патните правци Маврови Анови–Жировница, Кичево–Македонски Брод, Карпалак–Желино, Узем–Тораница и Македонска Каменица–Саса,” изјави директорт на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Тој потенцираше дека во наредната година предвидено е изградба и рехабилитација на 300 километри патна мрежа.

Со почит

Министерство за транспорт и врски

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и очекува да ја види  МПЦ-ОА како автокефална.

Два дена по претседателот Пендаровски и премиерот Заев му испрати писмо на вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое побара уште еднаш да се заложи за признавање на автокефален статус на МПЦ-ОА со што би станала дел од заедницата на помесните православни цркви.

Во писмото меѓу другото се вели:

-Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот. Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и очекува да ја види МПЦ-ОА како автокефална, се наведува во писмопто на Заев до Вартоломеј.

Премиерот Заев на прес конференција го дообјасни мотивот за повторното обраќање до Вартоломеј во кое го потсети за јануарската средба во Истанбул на која заедно со Спасовски побараа од Вселенскиот патријарх лична заложба во утврдувањето на црковниот статус.

Професор доктор Цане Мојановски во ваквите зачестени преписки на државно владиниот врв со Вселенската патријаршија гледа како обид на политичкото раководство да го поттикне решавањето на отворените прашања со соседите во правец на интегративните процеси со Европската унија.

Мојановски не исклучува можност Вселенскиот патријарх во нашиот случај да постапи како во случајот со Украинската православна црква и тоа наскоро независно што црковното поимање на времето се разликува од световното.

По јануарската средба на Заев и Спасовски со Вартоломеј, Вселенскиот патријарх вети дека ќе повика делегации на двете цркви за да ги види двете гледишта.

Поради корона кризата не дојде до физичка средба, но како што за Канал 5 потврди владиката Тимотеј , тие целото ова време одржувале контакти со вартоломеј и неговите претставници но засега деталите од разговорите се чуваат во тајност.

Центар за граѓански комуникации: Најмногу нововработени во полицијата, најмалку во одбраната

Полицијата најпримамлива за вработувања во последните три години, во одбрана најголем пад на нов кадар, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации чиј таргет биле министерствата и општините.

Од јануари 2017 до февруари годинава во МВР се вработиле 570 луѓе - 90 отсто од нив се во редовен работен однос. За истиот период министерството за одбрана останало со 170 луѓе помалку. Кај општините, најмногу нови луѓе примиле во Бутел, 122, а најголем пад има во Карпош, 124.

Сепак, податоците покажуваат дека и министерствата и локалните администрации најмногу ангажирале хонорарци, а помалку нуделе договори на дело.

„Она што отскокнува е бројот на привремено вработените луѓе во министерствата и Владата кои што скокнал за 337 проценти односно од 62 на 271 човек. Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но она што отскокнува е намалување на ангажирањето на луѓе со договор на дело за 31 процент.“вели Герман Филков, претс. на Центар за граѓански комуникации ..

Филков е дециден дека привремените вработувања преку агенциите се најсомнителни, па ги повикува надлежните целосно да ги отфрлат. Како позитивен пример го посочи Министерството за информатичко општество како единствено кој ги укинал хонорарните вработувања.

„Апелирам да се усогласи политиката и конечно да се стави крај на овие вработувања, односно сите да одат во редовни, а за редовно вработување има постапки, има и правила и принципи како тоа се прави. Тука мислам дека треба да се стави најголемиот акцент“, истакна Герман Филков, претс. на Центар за граѓански комуникации .

Премиерот Заев и овој мандат најави структурни реформи во јавната администрација. Вети дека ќе ја намали за 20 проценти а најверојатно тоа ќе се реализира со спојување на повеќе институционални функции во една. Како опција се споменува и предвременото пензионирање.

притисни ентер