Toyota се подготвува за пробив на најголемиот светски пазар

Доскоро најголемиот производител на автомобили на светот се подготвува за голем пробив на кинескиот пазар.

Toyota планира од почетокот на следната деценија да продава по 2 милиона автомобили годишно. За да го исполни овој амбициозен план , Toyota ќе ги прошири производните капацитети во кинеските погони во градовите Гуанжу и Тјенџин за околу 20 %. На тој начин Toyota во своите погони во Кина би произведувала  годишно 240 000 повеќе возила .

Toyota во фабрките во Гуанжу и Тјенџин располага со производни капацитети за изработка на 1,16 милиони возила годишно. Toyota планира во фабриката во Тјенџин да склопува годишно по 10 000 возила на електричен погон и 110 000 плаг-ин хибридни возила.

Капацитетите во Гуанжу исто така ќе бидат проширени за производство на електрични и хибридни возила.

Кинеските власти најавија дека од 2018 ќе го укинат ограничувањето на производство на електрични и хибридни возола за странските компании кои имаат фабрики во ниваната земја. Две години подоцна , во 2020 ќе биде укинато и ограничувањето на производството на комерцијални , а од 2022 и на сите други возила.

притисни ентер