Скарлет Јохансон е најплатена актерка, кои се зад неа ?

За улогата на суперхерој холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон доби 40,5 милиони долари , четири пати повеќе од минатата година.

За улогата на суперхеројот ,,Црна вдовица” во серијалот на Марвел, Јохансон доби рекордна сума и с енајде на врвот на листата на Форбс за најдобро платени актерки.

За улогата на супехерој 33- годишната актерка оваа сезона заработи четири пати повеќе отколку минатата. Зад неа со заработени 28 милиони е Анџелина Џоли (43) , најмногу поради исплатите за филмот Maleficent 2 , кој треба да се појави во салите во 2020 .

Од списокот на десет најдобро платени актерки за годинава , испадна оскаровката Ема Стоун. На трето место е Џенифер Анистон (49) , која се уште профитира од улогата во серијата ,,Пријатели “ и има добивка од 19,5 милиони долари.

Џенифер Лоренс (28) е на четвртото место со 18 милиони долари приход , за шест милиони помалку од лани. На петто место е Рис Витерспун (42) со заработени 16,5 милиони а по неа се Мила Кунис , Кејт Бланшет , Мелиса Мккарти и Гал Гадо.

Следната недела Форбс ќе го објави и списокот з анајдобро платени актери . лани тоа беше Марк Валберг со заработка од 65 милиони долари.

Од Форбс сметаат дека малкуте жен ски улоги во филмовите се причина оваа година жените да заработат помалку од лани . Така претходните години имало повеќе жени што заработиле над 20 милиони долари отколку годинава.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер