Во италијанската серија „А" потрошија 1,14 милијарди евра за трансфери

Клубовите од Серија А „фрлија“ 1,14 милијарди евра за нови играчи, откако само англиските тимови потрошија повеќе.

Сезоната во Италија ќе биде отворена вечерва со дуелите Киево - Јувентус и Лацио - Наполи, а трансфер пазарот се затвори кон крајот на минатата ноќ.

Пресметката на крајот на пазарот покажа дека локалните клубови го надминале своето достигнување од минатото лето, кога потрошија 907 милиони евра. Секој клуб потроши 25 отсто повеќе во просек оваа сезона, но лидер е Премиер Лигата на Англија, каде што локалните клубови дадоа 1,42 милијарди евра за нови играчи.

Серија „А“ започнува да ги враќа позициите на трансфер пазарот, откако во 2014 година клубовите потрошија 335 милиони евра, во 2015 - 608.0 милиони, а во 2016 година - 707.35 милиони евра.

Јувентус даде околу 250 милиони евра, откако само 100 милиони од нив беа дадени за привлекување на Кристијано Роналдо, уште 40 милиони тимот од Торино платија за Жоао Кансело и Даглас Коста и 35 милиони за Леонардо Бонучи.

Токму петкратниот освојувач на „Златната топка“ е единствениот играч со трансфер над 100 милиони, откако Кепа премина од Атлетик Билбао во Челзи за 80 милиони, а Алисон ја напушти Рома во насока Ливерпул за 62.5 милиони евра плус бонуси.

Рома е вториот тим кој потроши најмногу пари во Серија „А“ - 136 милиони евра за 13 нови играчи. Голем дел од трошоците беа покриени со продажбата на Алисон и Раџа Наинголан./МИА

Се појави писмото на сопругата на Шумахер по несреќата

Во јавноста се појави писмото што го напишала сопругата на ѕвездата на Формула 1 , Мајкл Шумахер , во кое пишува за состојбата на асот по тешката повреда по која падна во кома.

Мајкл и Корина се во брак 23 години , а во тоа писмо , упатено до музичарот Саша Херхенбах , таа го опишала како борец кој не се предава. таа го напишала писмото откако музичарот напишал песна за Шумахер , а потоа и пратил ЦД со снимката. Песната се вика ,,Роден за борба” . Херхенбах вели дека не очекувал одговор , но Корина му пратила писмо напишано на рака.

,, Сакам искрено да ви се заблагодарам за вашата порака и за прекрасниот подарок што ќе ни помогне во овој тежок период . Убаво е да се добие толку убави желби и зборови , тоа е голема поддршка за семејството. Сите знаеме дека Михаел е борец и дека нема да се предаде.” , пишува во писмото на сопругата на Шумахер.

Не е познато кога го добил писмото , но музичарот песната ја напишал во јануари 2014 , една година по несреќата на Шумахер.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 падна за време на скијање со синот на 29 јануари 2013 и ја удри десната страна на главата од камен , што ја скрши кацигата и со месеци потоа беше во кома.

Се рабуди дури во април 2014 , по што од болницата е префрлен во неговиот дом во близина на женевското езеро.

Се смета дека сега за него се грижи тим од 15 доктори , кои му се нарасполагање 24 часа дневно , по цена од 130 000 евра неделно .

Видео: Кристијано Роналдо има проблеми со тениското топче

Еден од најдобрите светски фудбалери, асот на Јувентус Кристијан Роналдо репрезентативната пауза ја искористи за мал одмор во Лондон и уживање во врвен тенис.

Роналдо  синоќа се појави во О2 арената во Лондон на премиерот меч на завршниот Мастерс на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ против високиот Американец Џон Изнер.

Заедно со Кристијано во првиот триумф на Ѓоковиќ во Лондон уживаа и неговата свршеница Герогина Родригез и синот Кристијано Роналдо Јуниор.

Роналдо иако беше на трибините  во еден  миг „го  украде“ шоуто и вниманието на публиката.

Роналдо, Герогина и Малиот Кристијано  внимателно го следеа  секој потег на Ѓоковиќ и Изнер  во еден момент топчето тргна токму кон нивната ложа.

Кристијано се наведна преку невенчаната сопруга за да го дофати топчето. Но покажа дека со рацете не е така вешт како со нозете. Па откако се одби, топчето ја погоди Георгина во главата, што предизвика насмевка кај сите присутни во салата.

Со фудбалски натпревар ќе се одбележува 13-ти ноември

Утре по повод 13 ноември , денот на ослободување на град Скопје се организира ревијален натпревар меѓу ветераните на Црвена Ѕвезда и ветераните на македонскиот фудбал.

Натпреварот ќе се одржи во вторник со почеток во 13 часот на теренот на ФК Работнички .

Овој меч ќе го симболизира пријателството меѓу двете земји и афирмацијата на фудбалот во нашата земја .

притисни ентер