Владата сака да ги запознае граѓаните со Договорот меѓу Македонија и Грција

Со наближување на терминот за референдум се зголемуваат активностите на Владата и оние кои повикуваат на бојкот.

Премиерот и министрите допрва земаат “залет” во обид да им го објаснат на граѓаните Договорот со Грција и придобивките од членството во Еврпската Унија и НАТО. Во меѓувреме референдумот е причина за нова канонада обвинување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

На месец и половина до одржувањето, се засилува кампањата во земјава за и против референдумското изјаснување на есен. Владата веќе води информативна кампања, додека на социјалните мрежи се поголем замав зема движењето бојкотирам. Дел од аналитичарите во земјава сметаат дека кампањата требала порано да почне. За универзитетскиот професор Александар Спасов, договорот бил објавен на време, но граѓаните мораат да се запознаат подетално со неговата содржина.

Кампањата за бојкот која се води на социјалните, според Спасов е премногу агресивна. Проблемот го наоѓа во тоа што, како што вели, кампањата за бојкот е во служба на пропаганда, која има поинакви цели.

Партиските препукувања пак за референдумот на релација власт- опозиција продолжија и денеска. Од владејачката СДСМ побараа ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за, како што велат, клучното прашање за иднината на државата.

,,Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат јасен став, не се изјасниле за што се.СДСМ е јасно определен за европска иднина на Македонија, како членка на ЕУ и НАТО.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија дека власта го користи референдумот како параван за, како што велат, колективниот грабеж на земјава.

,,Само во Македонија се лаже дека со криминал, корупција и аздисаност може да се влезе во Европската Унија иако секој ден се повеќе се оддалечуваме. Зоран Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж кој и го прават на Македонија.

Во меѓувреме, по истекот на рокот до кога министерствата требаше да достават информација колку пари ќе пренаменат за кампањата за референдумот. Од министерството одбрана информираат дека за таа цел од буџетот на министерството ќе бидат одвоени 60 милиони денари, или 1 милион евра.

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер