Како „Infiniti” ја гледа иднината на автомобилите (фото)

Луксузниот подбренд на Nissan, Infiniti ќе го претстави новиот електричен концепт, наредната недела во Пебл Бич.

Infiniti премиерата ја најави со неколку скици кои покажуваат како би требало да изгледа Prototype 10.

Доколку вистинската верзија биде како прикажаното, тогаш тоа ќе биде еден од најубавите автомобили во светот.

Дизајнот претставува еволуција на Infiniti Q Inspiration концептот, кој е претставен претходно оваа година.

„Нашиот нов концепт ја најавува електричната иднина, нешто што се гледа во неговата форма и деталите. Инспирацијата ја најдовме во оптимистичката ера во која автомобилите ги карактеризира едноставната љубов спрема возењето“ – изјави извршниот директор на дизајнот во Infiniti, Карим Хабиб.

За жал, како и повеќето концепти и Prototype 10 најверојатно ќе остане само реклама, бидејќи тешко е да се очекува дека првиот електричен модел на Infiniti, планиран за 2021, ќе биде едносет кабриолет.

Најверојатно тоа ќе биде седан базиран на претходно споменатиот Q inspiration концепт.

Infiniti Q Inspiration Concept

Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо ќе прават филм за Френк Синатра

Познатиот режисер Мартин Скорсезе наводно е подготвен да работи на биографскиот филм за Френк Синатра заедно со неговиот долгогодишен соработник Леонардо ди Каприо.

Variety објави дека режисерот сака да го сними проектот како адаптацијата на книгата Животот на Исус на Шусаку Ендо од 1973 година. Се вели дека Скорсезе бара од Ди Каприо да го игра Синатра, а Џенифер Лоренс да ја игра втората сопруга на Френк, актерката Ава Гарднер.

Филмот веќе го привлече интересот на големите студија. Apple, кој го финансираше буџетот од 215 милиони долари за „Killers Of The Flower Moon“ на Скорсезе, изрази интерес, но се вели дека Sony го води проектот.

Сепак, ниту еден иден проект сè уште не добил зелено светло од ќерката на Синатра, Тина, која го контролира имотот на нејзиниот татко, особено затоа што во него ќе биде прикажана жена со која Синатра имал афера додека тој бил во брак со нејзината мајка, Ненси Барбато, пренесува NME.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи променливото време

По нетипично високите температури за овој период од годината, промена на атмосферскиот притисок и серија на влажни бранови драстично ќе ги намалат температурите низ земјава, информираат од УХМР. 

Уште од утринава снежна покривка може да се забележи на повисоките планински места. Според прогнозата, ниските температури и променливото облачно време со дожд на пониските и снег на повисоките места ќе се задржи до наредната седмица.

- До почетокот на следната седница ќе се задржи вакво време променливо облачно, со пониски температури, а потоа температурите ќе бидат во постепен пораст. Утре и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има услови и за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса, на планините врнежите повремено ќе минуваат во снег.-УХМР.

Иако хронично болните се најзасегнати при нагли промени на времето, тие можат негативно да влијаат и врз здравата популација велат лекарите. Д-р. Маргарета Трипуновска апелира особено внимателни да бидат лицата кои земаат терапија за регулирање на крвниот притисок, чии нагли варијации се причина за срцев и мозочен удар, за кои Брзата помош има најчести интервенции во вакви временски услови.

-Наглиот пад на температурите влијае на крвниот притисок бидејки имаме промена на атмосверскикот притисок, а тоа влијае на крвниот притисок. Затоа редовно треба да се мери притисокот овие денови, да се зема редовно терапијата. Но и здравата популација ги осеќа овие промени на температура најчесто имаме појава на главоболки, вртоглавици, нагони за повраќање, гадење треба едноставно да практикуваме здрав начин на живот, да имаме повеќе одмор, повеќе суплементи да земаме.- – Д-р. Маргарета Трипуновска – поликлиника Букурешт.

Од ЦУК апелираат на внимателност при услови на невреме, да не се фрлаат одпадоци во локалните одводни канали и редовно да се чистат, а поради најавите за силен ветер да се внимава на работите кои би можеле да излетаат од градилиштата.

Приватните специјализанти продолжуваат со штрајкот

Наместо поддршка, добиваме притисоци од поискусните колеги - специјалисти, но нема да отстапиме од нашите барања, се пожалија приватните специјализанти кои четврт ден штрајкуваат.

Тие повторија дека бараат зголемување на месечниот надоместок, кој изнесува 26.000 денари и пензиско и здравствено осигурување.

Незадоволни се што надлежните, како што велат, немаат слух за нивните проблеми, и најавија протест пред Министерството за здравство во понеделник напладне.

Без исполнување на нивните барања, како што рекоа, само ќе продолжи поразителниот тренд и дел од специјализантите да ја напуштат земјава.

Тие додаваат дека побарале поддршка од сите катедри на Медицинскиот факултет, меѓутоа не ја добиле.

За нивниот проблем, уште на првиот ден од штрајкот, министерот за здравство Демири побара трпение и најави решавање на нивните проблеми по завршувањето на изборите.

притисни ентер