Очекувањата се дека 2018-та ќе заврши со прилив до 24 милијарди денари, посета на 1,2 милиона туристи и реализирани 3,2 милиона ноќевања.
Идната година во фокусот на привлекувањето туристи, покрај Турција, Бугарија и Полска кои засега се најбројни, ќе бидат и Романија, Германија и Шпанија.
Агенцијата сосема го менува концептот на промоција. Акцент става на он-лајн рекламирањето на кое отпаѓаат 70 отсто. Останатото рекламирање е преку класични медиуми.
Интернет страницата „Мacedonia timeless“ ќе се ребрендира, најави директорот, и ќе добие најсовремен гугл пристап со брзо пребарување... Воедно ќе биде дополнета со 350 текстови и 500 фотогорафии.