ОБСЕ го објави првиот извештај за референдумот

ОБСЕ го објави првиот извештај за референдумот закажан за 30 септември.. Нивните експерти не се во целост уверени дека прашањето е коректно формулирано, а главната грижа им се можни притисоци на денот на гласањето.

Пасивна регистрација на гласачи, можност за вршење притсоок и заплашување гласачи и можност за инволвирање на странски актери кои би го поткопале референдумскиот процес, ова се дел од забелешките, кои ги нотира Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во својот извештај посветен на претстојниот референдум. ОБСЕ е воздржан и во однос на формулацијата на референдумското прашање.

-Некои од соговорниците изразија загриженост во врска со недостатокот на јасност и сложената природа на прашањето. Додека некои засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитна референца во врска со промената на името на државата, други ја истакнаа важноста за означување на влијанието на референдумот за интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

Властите започнаа сеопфатен и инклузивен изборна реформски процес, кој предвидуваше голем број измени во избораната правна рамка, но овој процес, како што се потенцира во извештајот, останува нецелосен и поголем дел од препораките на ОДИХР нема да се исполнат до референдумот. Во однос на политичката клима, ОБСЕ нотира дека Договорот со Грција и натаму е предмет на голема дискусија и на бројни контроверзи, а политичките партии, кои ги консултирала мисијата, се изјасниле дека не предвидуваат кампањи од големи размери, поради лимитираните финансии за самофинансирање на кампањата. Дел од соговорните, изразиле стравување од вмешување на надворешни лобисти и од заплашување гласачи.

-Неколку засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитни одредби со кои се регулира вклученоста на странските актери во кампањата и се забележува нивното можно вмешување да го поткопа референдумскиот процес. Сите соговорници забележаа дека кампањата се очекува да се води одвоено во етничките заедници. Некои од соговорниците напоменаа дека ова може да вклучува заплашување и притисок врз гласачите на етничките Албанци, кои се очекува да сочинуваат значителен дел од гласачите, пишува во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

Содржината на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е базиран на средбите на организацијата со претставниците на институциите, партиите, медиумите, граѓанскиот сектор и на меѓународната заедница. ОДИХР референдумот на 30 септември ќе го следи со 250 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи. ОБСЕ досега мониторирал 17 изборни циклуси и еден референдум.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер