Почна 46. Меѓународен Струшки ракометен турнир

Со натпреварот меѓу Железничар и Струга (25:20) на отвореното иргалиште „Женска плажа“ вечерва почна 46. Меѓународен ракометен турнир.

По завршувањето на натпреварот, присутните ги поздрави претседателот на РК Струга Наумче Мојсоски и го прогласи турнирот за отворен. Тој изрази надеж дека публиката во наредните четири дена ќе ужива во квалитетен ракомет.

Менаџерот на обложувалниците Моцарт, кои се генерален спонзор на турнирот, Васко Илиевски изрази задоволство за можноста да помогне во организацијата на оваа манифестација.

- Горди сме што успеавме сето ова да го направиме и на 46. Издание на Струшки ракометен турнир да се игра на оваа подлога  што ќе им овозможи на ракометарите успешни и супер интересни натпревари. Струга е ракометен град, а РК Струга секогаш бил расадник на добри ракометари. Се надеваме дека ова ќе помогне да излезат уште добри ракометари како што е Наумче Мојсоски, рече Илиевски.

Во тек е натпреварот Констанца - Алингсас, а потоа силите ќе ги одмерат Целје и Еурофар Работник. /MИА

Драма! Исчезна авионот со најскапиот фудбалер на Кардиф

Аргентинецот Емилијано Сала потпиша договор со англискиот премиер лигаш Кардиф вреден 17 милиони евра  по што исчезна.

Фудбалерот од Аргентита синоќа околу 21 часот требало да слета во Велс, откако бил во Франција за да се поздрави со досегашните соиграчи од Нант.

Меѓутоа, малиот авион со кој летал Сала преку Ламанш исчезнал од радарот околу 20 часот и се уште не е пронајден. Надлежните служби го надлетуваат каналот Ламанш во потрага по авионот , официјалните претставници  тврдат дека во моментот на исчезнувањето на авионот временските услови за лет не биле посебно лоши.

Премиерлигашот Кардиф соопшти дека се уште очекува потврда што навистина се случило со авионот со кол летал Сала. Потрагата е во тек но проблем се лошите временски услови . Во потрагата по малиот авион учествуваат и два хеликоптера на крајбрежната служба на Велика Британија.

Македонија на СП 2019 - Расчекор меѓу очекувањата и реалноста

Машката ракометна репрезентација на Македонија  и по освоеното 15-то место на Светското првенство во Данска и Германија ги обнови старите но се чини отвори и нови прашања. 

Ракометната репрезентација на Македонија и на Мундијалот во Германија и Данска замина со вообичаениот оптимизам негуван во последните 10-ина години. Овојпат можеби поумерен од претходно за што имаше и објективни причини но сепак доволно силен нацијата со изразен апетит да чека ново нишко чудо.

Во тоа нема ништо лошо бидејки спортски легитимно е да се очекува висок дострел и од тимови што не се топ фаворизирани . Се разбира спортот не би бил толку привлечен ако не се случуваат сензационални исходи.

Македонија на Мундијалот беше далеку од пријатно изненадување па 15-то место уште еднаш понуди различни заклучоци околу прашањето успех или неуспех, секако со соодветни аргументи.

Овој национален тим во претходните 4-5 години ги загуби Мојсоски, Димовски, Јоноски, Миркуловски и уште неколкумина од сосема неспорна  причина – крај на нормалниот спортски век.

Во него остана уште само мал дел од златната генерација што се проби во светскиот врв во Хрватска пред 10 години, а потоа блесна петта во Србија. Од друга страна , на за нас штотуку завршениот Мундијал, замина сериозна група млади но искусни и сосема млади ракометари, односно дебитанти што за многумина е аргумент за сериозно подмладување.

И тоа е во ред и сосема нормален и разумен процес за било кој национален тим,  што зависно од потенцијалот носи различен ефект, но по дефиниција носи и прилично висока доза на стрес.

Во нашиот случај, барем од она што можеше да се види и слушне, очигледно донесе и силна неконтролирана нервоза кај ветеранската група. Имало и друг пат но овојпат изгледаше пренагласен очигедниот судир што наликува на клановски внатре во тимот. Речиси и да немаше посериозна изјава на повозрасните што не содржеше силна критика за младите репрезентативци за лошо залагање и ефект. Не е спорно дека понекогаш таквите напади можат да делуваат мотивирачки но овојпат стана претерано.

Ракоментиот национален тим секогаш умешно ги криел внатрешните проблеми но овојпат свесно или несвесно тие беа пуштени надвор. Причините може  да се претпостават или да се нагаѓаат но многу веројатно е да се во насока после нас следува потоп што е прилично некоректно па дури и себично.

Ванчо, Мојсо, Жути и Јоно се простија достојно од селекцијата и никогаш не беа премногу строги кон Дејан, Џомба Столе, Пеше, Ојле и другите кога им се приклучуваа.

Ваквите напади колку и да се основани, а не се, можат да нанесат несогледиви штети во репрезентацијата и тоа сосема без потреба. Штети што нема да можат да ги испеглаат ниту тактичарите генијалци на клупата, ниту 7 на 6, ниту 6 на 6, ниту пак авторитативни раководства што се убедени во исправноста на своите политики. 

Гејмер вози побргу од Ф1 пилот (ВИДЕО)

Професионалниот гејмер Енцо Бонито го шокираше светот на автомобилските трки кога на натпреварот Race of Champions на патеката беше побрз од Бразилецот Лукас ди Граси , поранешен пилот на Ф1 и шампион на Формула Е во 2016/17.

Енцо Бонито е професионален гејмер , кој се натпреварува во тркачки симулации за , каде меѓу другите, вози и Макс Верстапен. На натпреварот Race of Champions, одржан викендов во Мексико во квалификациската рунда беше побрз од Бразилецот Лукас ди Граси. Бонито го победи шампионот за половина секунда и се појави на ансловните страници на спортските магазини.

На натпреварот учествуваше и Себастијан Фетел , Пиер Гасли и Том Кристенсен , кој е деветкратен победник на трката Ле Ман. На крајот победи мексиканскиот рели возач , Бенито Гуера.

Натпреварот Race of Champions се одржува еднаш годишно и на него учествуваат најдобрите возачи на Формула , како и најдобрите гејмери на светот.

притисни ентер