Се бара мијач на садови за плата од 22 000 евра

Бакингамската палата објави оглас за мијач на садови во кујната , нудејќи им на кандидатите плата од 22 000 евра годишно.

Покрај платата , мијачот ќе добива и бесплатен оброк. На сајтотот Ројал хаусхолд е објавен конкурсот неделава и во него се наведува дека е потребен нов член во кујната за да се обезбеди вонредно добра услуга

Во огласот се наведува дека не е потребно искуство , но е потребен тимски играч со иницијатива.

Поранешниот шеф на кујната , Дарен Мекгрејди изјави дека британската кралска палата е одлично место за работа.

Холивудски актер во уште едно шокантно издание (ФОТО)

Познат холивудски актер уште еднаш ја шокира јавноста , откако беа објавени фотографии како го храни кучето во ресторан како да е бебе.

Папараците на Беверли Хилс го уловија познатиот актер Мики Рурк во необично издание.  Актерот ручаше со своето кученце , облечен во тренерка и со торбичка Луј Витон.

Како што се гледа на фотографите Мики се одбнесува кон кученцето како кон бебе и го храни со лажиче , додека кученцето седи на столче за бебиња.

Освен облеката и однесувањето кон кученцето , таблоидите ја забележуваат и чудната фризура на Рурк . Се чини дека актерот се пдвргнал на трансплантација на косата или пак носи перика или тупе.

Молк на базенот – Се појави најубавата светска манекенка (ФОТО)

Американската манекенка Емили Ратајковски (27) веќе неколку години не се симнува од тронот на најубава манекенка и една од најубавите жени на светот.

Деновиве папараците ја фотографираа во минимален костим за капење од нејзината колекција ,,Инамората” , што се појави на пазарот кон крајот на минатата година.

Освен манекенството , со кое се занимава веќе 14 години , Емили имаше и неколку филмски проекти со познати актери. Со своите родители , кои се универзитетски професори , често летувала на нудистички плажи , така што не и е проблем да го покажува своето совршено тело. Таа важи и за феминистка и застапничка на женските права.

Емили е портпаролка на американската организација ,,Планирано родителство” ,  каде се едуцираат жените за нивното репродуктивно здравје.

Беше меѓу 300 демонстранти , уапсени во Вашингтон додека апелираа на сенаторите да не го именуваат Брет Каванах за врховен судија.

Од оваа пролет е во брак со актерот и продуцент Себастијан Беар-МкКлард.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

This week ✨

A post shared by Inamorataswim (@inamorataswim) on

притисни ентер