И северно Косово и Прешевската долина стравуваат од евентуална поделба

Меѓународната заедница и натаму се обидува да ја стиши идејата за можна поделба на територии меѓу Србија и Косово.

Британскиот амбасадор во Приштина предупредува дека таквото сценарио може да предизвика воен конфликт и други преседани на Балканот.

Косовскиот претседател Тачи вели – нема да дозволиме нова Република Српска на Косово.

Темата прекројување на границите повеќе не е табу ниту во Косово, ниту во Србија, но и од двете страни на границата со подеднаква неизвесност се чека евентуалниот епилог. Очекувано, поголем дел од Србите би сакале северниот дел на Косово, со мнозинско српско население да стане дел од Србија. Албанците од овој крај, пак, стравуваат дека наскоро можат да се разбудат дома, но во друга држава, велат тие за Радио Слободна Европа.

-Само во Косово. Многу е тешко да го напуштиме селото. Тука сме од времето на нашите дедовци и прадедовци, вели жител на Општина Звечан за Радио Слободна Европа.

-Ситуацијата е конфузна. Населението е загрижено. Ризично е, вели жител на Општина Звечан за Радио Слободна Европа.

Во неизвесност се и Србите во Прешевската долина, во трите српски општини со мнозинско албанско население.

-Не се плашам. Ќе останам овде. Не зборувам од национални уверувања. Едноставно, јас сум Србин и тоа засекогаш ќе останам, жител на Прешево за Радио Слободна Европа

Меѓународната заедница и натаму се обидува да ја стиши идејата на косовскиот претседател Тачи за прекројување на границите. Британскиот амбасадор во Приштина за косовската телевизија Т7 вели дека тоа е опасно сценарио, кое може да предизвика домино ефект и во другите земји од Балканот.

– Границите се пишуваат со зборови, но се менуваат со куршуми, промената на границата меѓу Косово и Србија би предизвикала и други преседани на Балканот. Не ја гледам разликата меѓу корекција на границата, како што тоа го нарекува Тачи и размена на територии, изјави Руари О Конел, амбасадор на В.Британија во Косово

Денеска Тачи се обидува да ретерира. Мојата цел не е етничка поделба, ниту создавање на втора Република Српска на наша територија, туку воспоставување на 400 километри долгата граница со Србија, вели тој за весникот „Денес“, ден откако Меркел порача дека Германија не дозволува промена на границите на Балканот. Вучиќ вчера изјави дека Берлин со признавањето на Косово, веќе ги разграничил двете земји.

-Она што го кажа Меркел, ако смеам да преведам, за сите наши граѓани, кога рече дека е против разграничување, па таа веќе не имаше разграничено, на начин што цело Косово е одвоено од Србија и што е независна држава, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Дали ќе се одврзе српско-косовскиот јазол и дали корекцијата на границите, за кои зборуваат Тачи и Вучиќ се реална опција, ќе биде појасно по нивната средба закажана во септември.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер