Владата донесе одлука за спроведување кампања за референдумот

Владата донесе одлука  за спроведување на кампања од јавен интерес за референдум за прашањето “Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”

По потпишувањето на Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство помеѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, како и после поканата на Македонија за започнување на пристапните преговори за членство во НАТО, и после определениот датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, распишан е референдум во Република Македонија, со цел граѓаните да одлучат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција, се наведува во соопштението од Владата.

Имајќи предвид дека членството на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО е стратешка определба на државата, а со решавање на долгогодишниот спор со соседна Република Грција пречките за натамошна интеграција се отстранети, Владата на Република Македонија носи одлука да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот.

Кампањата за референдумот ќе се спроведе со цел споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата.

Во планирањето и спроведувањето на информативната кампања за референдумот, Владата на Република Македонија ќе работи транспарентно и отчетно, согласно следните стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста:

Релевантност - согласно владините надлежности, приоритетни политики и одговорности: Конкретните информации кои се споделуваат треба да бидат од директна и суштинска надлежност на Владата и согласно Стратешките приоритети на Владата. Соодветно и неопходно е Владата да има можност да ги објаснува и образложува сопствените политики и одлуки и кога е неопходно, да ја информира, да и укажува, сугерира или предупредува јавноста.

Објективно и информативно комуницирање: Комуникацијата треба да биде објективна и објаснувачка, и да не биде пристрасна или полемична. Комуникацијата во никој случај не смее да содржи неточни информации, говор на омраза или лични дискредитации. Владините информации или активности поврзани со публицитет треба секогаш да бидат насочени кон информирање на јавноста, дури и кога тоа исто така има задача да влијае на однесувањето на поединци или на одредени групи (на пример: пораки поврзани со стратешките интереси на Република Македонија или пораки поврзани со здравјето и безбедноста на граѓаните).

Непартиски комуникации: Несоодветно е да се оправдуваат или бранат политики со користење пораки кои се типични за политичките партии, да се користат партиски слогани, да се промовираат партиски активности, или директно да се напаѓаат политики и мислења на опозициски партии и групации (иако можеби некогаш ќе биде неопходно да се одговори на истите на конкретен и коректен начин). Имајќи го предвид политичкиот повеќепартиски систем во Република Македонија, можно е определена добро воспоставена јавна кампања да создаде политички кредит или штета за партиите од власта или од опозицијата, но ова не смее да биде ниту директна ниту индиректна цел на владините информации или јавни активности кои се платени со јавни пари.

Пропорционалност и рационалност - Соодветно искористување на ресурси кое ќе гарантира дека трошокот на јавните ресурси (финансиски, материјални, човечки) е ефективен за информирање или влијаење врз однесувањето на граѓаните, кое е од јавен интерес:

Каналите низ кои се споделуваат информациите со јавноста треба да бидат организирани на економичен и соодветен начин, а за трошењетo на јавните пари треба да се известува. Владата е отчетна кон граѓаните и Парламентот за тоа на кој начин ги користи државните службеници или други јавни ресурси или расходи. Информативните кампањи од јавен интерес на Владата треба да се натпреваруваат за внимание од јавноста со други активности на публицитет односно со другите кампањи во општеството. За да бидат ефективни, тие треба да бидат презентирани на професионален начин т.е. на начин со кој јавноста добива јасна порака. Притоа, недозволива е лоша презентација што може да предизвика неефикасно трошење на јавни средства, без да се постигнат очекуваните резултати. Би било контрапродуктивно ако степенот на трошење на средствата за јавна кампања го попречи комуницирањето на пораките кои што треба да се пренесе. Неопходно е и ќе биде реализирано прецизно планирање на целите, мерките и системот за евалуација - на секоја комуникација која вклучува трошоци на ресурси со цел да се осигура ефективност и резултати во реализација.

Во процесот на спроведување на информативната кампања за референдумот, владините службеници за комуникации и односи со јавност, како и за секоја друга официјална владина комуникација, ќе работат согласно стандардите и кодексот на однесување во рамки на Закон за административни службеници и Етички кодекс на административните службеници, како и согласно универзалните принципи на: интегритет, чесност, објективност и непристрасност.

Радев продолжува со консултациите за именување привремен премиер

Бугарскиот претседател Румен Радев продолжува со консултациите за именување привремен премиер. Во четвртокот тој го врачи третиот мандат за формирање влада на најмалата партија во Парламентот - ИТН. 

Тие веднаш го вратија, со што ставија крај на шансите за формирање нов кабинет во ова народно собрание.

Радев сега треба да назначи привремен премиер и влада. Но, според последните измени во Уставот, тој е должен да избира луѓе од список на одредени позиции. Тоа се, на пример, претседателот на Собранието, шефовите на Комората за ревизија и од БНБ.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, сигнализираше дека не сака тоа да бидат ниту Росен Жељазков, кој раководи со Парламентот, ниту Димитар Главчев, шеф на Заводот за ревизија.

Претседателот во четвртокот имаше средби со нив, како и со првиот човек на Централната банка, Димитар Радев. Тој објасни дека има конфликт меѓу националното законодавство и она на ЕУ. Според европските норми, гувернерот не треба да учествува во политиката. Тоа важи и за неговите тројца заменици. т.е. листата на потенцијални кандидати за премиер се намали за уште четири лица.

Неколку дена претходно од функцијата поднесе оставка и заменикот народен правобранител Елена Чернева-Маркова. Народниот правобранител Дијана Ковачева заминува како бугарски судија во Стразбур и исто така не е опција.

Така, изборот за привремен премиер моќе да биде направен меѓу замениците на Главчев во Ревизорската комора - Тошко Тодоров и Горица Гранчарова-Кожарева. Се верува дека таа има поддршка од ДПС. Кожарева беше меѓу учесниците во скандалот на Ревизорската комора по неуставната смена на нејзиниот претседател Цветан Цветков во јануари 2023 година. Потоа таа беше на функцијата неколку месеци. Кожарева е сопруга на обвинителот и поранешен член на Врховниот судски совет, Михаил Кожарев.

Средбата со неа ќе биде попладнево во Претседателството. /МИА

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година изнесувал 4.458 милиони евра или 32,6 проценти од проценетиот БДП, објави денеска Народната банка.

Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 проценти.

- На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.463 милиони евра и забележа квартално зголемување од 386 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 81 милион евра и изнесуваат 7.004 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 305 милиони евра, така што на крајот на декември 2023 година тој изнесува 4.458 милиони евра, појаснува Народната банка.

Во текот на четвртиот квартал од минатата година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2 проценти од проценетиот БДП за 2023 година.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (или 3,4 проценти), во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), а намалување на нето јавниот долг (за 122 милиона евра).

До вторник сончево и топло до 29 степени

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во понеделник максималната температура ќе достигне 29 степени, соопшти УХМР. 

Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.

притисни ентер