Најмалку 11 загинати при уривање на надвозник во Италија (видео)

Се стравува дека десетици луѓе загинале при уривање на мост на автопат во италијанскиот град Џенова.

При несреќата, според италијанските медиуми, се урнале околу 200 метри од надвозникот, кој бил висок 100 метри, од каде што паднале десетина автомобили.

Официјалната бројка на жртви во моментов изнесува 11, но италијанските власти стравуваат дека нивниот број ќе расте.

Италијанскиот министер за транспорт, Данило Тонинели изјави дека се работи за “огромна трагедија”.

На видео снимките се гледа како еден од столбовите што го држат мостот се урива, за време на невреме.

Голем дел од мостот паднал врз железничката пруга, а со мостот паднале автомобили и камиони.

Мостот е изграден во 60-тите години и е познат како мостот Моранди.

Првичните информации велат дека до уривањето дошло поради недоволната стабилност на конструкцијата на надвозникот.

Повеќе за деталите од оваа стравична трагедија во Италија од телефонскиот разговор со оперскиот пејач Благој Нацоски, кој е во Џенова.

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер