Виталиа: Со новиот правилник, Македонија се оддалечува од европското законодавство

Со став на соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство во врска со присуството на ГМО во нивните производи , се огласија и од Виталиа.

Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како НОН ГМО.. Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува било какво присуство на генетски модифицирани организми,

Македонија се оддалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството, се вели во соопштението на Виталиа.

Рама ја поздрави одлуката и и го честита роденденот на Република Северна Македонија

Срдечни честитки до премиерот Зоран Заев и до сите оние кои се бореа за овој историски ден, напиша на Твитер албанскиот премиер Еди Рама.

-Среќен роденден Република Северна Македонија. Искрени честитки за премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се бореа за овој историски момент. Денеска се отвори нова врата за иднината за нашите два  народа во Република Северна Македонија. Почит.- напиша Рама на Твитер на англиски и албански јазик.

Инаку, албанските медиуми,без исклучок,отстапија широк простор за случувањата во македонскиот Парламент а експресно ја пренесоа и веста за изгласувањето на одлуката, оценувајќи го тоа како историски момент.

Медиумите пренесоа и делови од изјавите на премиерот Заев и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицковски,со посебен акцент дека пратениците кои гласале за одлуката се веднаш исклучени од партијата. Место беше отстапено и за реакциите на еврокомесарот Хан и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг,како и за честитката на грчкиот премиер Ципрас до премиерот Заев.

Могерини и Хан ја поздравија одлуката за пристапување кон уставни измени

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан преку заедничка изјава ја поздравија одлуката на Собранието за пристапување кон измена на Уставот.

,,Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија направи многу важен чекор кон спроведувањето на Преспанскиот договор преку гласањето за започнување на процедурата за уставни измени. Сега очекуваме националните процедури за спроведување на договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени.

Европската унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Потребна е политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето во Парламентот.

Ова е навистина единствена можност за решително поместување на земјата напред на патот кон Европската унија, како и за помирување во регионот. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, сите нејзини граѓани и нејзините институции, наведуваат во заедишката пишана изјава Могерини и Хан.

Столтенберг: Зграпчете ја историската можност за да ја внесете земјата во НАТО

Генералниот секератар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва на Твитер ја поздрави одлуката на македонсkото Собрание да се пристапи кон измена на Уставот согласно Договорот со Грција. .

,,Го поздравувам гласањето на Парламентот во Скопје за предложените уставни измени. На владините и политичките лидери е да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја зграпшат  оваа историска можност да ја доведат земјата во НАТО, напиша  Столтенберг.

притисни ентер