ДИК: Секој може да води пропаганда - чии пари ќе троши власта?

Владата, Собранието, граѓански асоцијации, поединци, сите имаат право да се вклучат во пропагандата за референдумот, но секој треба да обезбеди пари за тоа на соодветен начин, објаснуваат од Државната изборна комисија.

Секој ќе може да води пропаганда за претстојниот референдум - партиите, владата, здрженијата на граѓани, поединци ... велат од ДИК, повикувајќи се на законот за референдум. Посебен простор медиумите ќе треба да обезбедат само за овластениот предлагач – Собранието, останите ќе плаќаат по пазарни цени. Од ДИК велат надлежните институции ќе треба да контролираат чии пари ќе троши Владата.

-Кога се зборува за референдумот, се прави аналогија со изборите, но тоа не е така. Не може да се ограничи кој ќе води јавна пропаганда. Сите заинтересирани, граѓани, здруженија, сите имаат право на пропаганда, не може никому да се забрани. Владата и Собранието може да водат исто така пропаганда, но треба да проверат со кои пари може тоа да го прават – вели Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

Комисијата тврди дека Избирачкиот список се ажурира континуирано, но недостатоците и понатаму остануваат. Велат единствен начин да се остранат е преку поголема ажурност на граѓаните и институциите надлежни за менување на личните податоци, но оти списокот никогаш нема да биде идеален.

– Избирачкиот список никогаш нема да биде идеален, но ние како еден од одговорните за него правиме напори да го прочистуваме. Ги повикувам и граѓаните да пријавуваат промени на адреса, презиме, оти ова е заедничка работа на сите – рече Деркоски.

Од вечра тече и јавниот увид во избирачкиот список. 213 граѓани провериле дали се на списокот, 158 се пријавиле за гласање од дијаспората. Најмногу пријавени има во Берн, Виена, Љубљана. Торонто и Лондон. Избирачкиот список ќе биде заклучен на 7 семтември.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

притисни ентер