Мик Шумахер: Големата цел е Формула 1

Синот на легендата Михаел Шумахер - Мик потврди дека неговата голема цел останува учество во Формула 1.

Пред неколку дена, шефот на Ф1, Чејс Кери изјави дека ако 19-годишниот пилот, син на седумкратниот светски шампион, успее да си го отвори патот до посакуваниот мотоспорт, тоа ќе биде „прекрасна приказна“.

Неодамна синот на Шумахер победи на трката од Европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.

- Имам само убави спомени од „Спа“. Секој знае дека за татко ми тоа беше како „дневна соба“. Сакам да се натпреварувам тука, бидејќи знам добро дека и тој сакаше, истакна Мик.

Засега синот на Шумахер е осми во генералниот пласман во Формула 3.

- За жал, досега среќата не беше на моја страна, но се надевам дека во остатокот од сезоната ќе биде различно. Се разбира, мојата најголема цел останува Формула 1. Но, ние напредуваме постепено, со мали чекори, додаде тој.

Торонто и цела Канада ја прослави историската победа во НБА (ВИДЕО)

Илјадници навивачи на Торонто Репторс излегоа на улиците за да ја прослават историската титула на новниот тим , кој ја освои шампионската титула на НБА лигата.

Кошаркарите на Торонто Рапторс ја освоија титулата , откако на гости го победија Голден Стејт со 114-110 во шестиот натпревар на финаклната серија и со тоа на Канада и ја донесоа првата кошаркарска победа во НБА во историјата.

Не само во Торонто , низ цела канада се славеше со песната ,,Ние сме шампиони!”. ,,Тако правиме ние од северот.” ; напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер со честитка за победата.

Реал и го украде на Барселона јапонското чудо од дете

По катастрофалната сезона , раководството на Реал Мадрид почнаа да купуваат нови играчи.

Перез веќе ги донесе Јовиќ, Милита, Менди и Хазард , а наскоро на Бернабеу ќе стигне и 18 годишниот Јапонец , Такефуса Кубо. Реал е многу заинтересиран за младиот Јапонец , кој игра за ФЦ Токио и би го купиле за два милиона евра.

Кубо беше играч на Барселона , а пради него каталонскиот клуб во 2014 доби забрана за трансфер поради неговата возраст од само 14 години, што е нелегално.  Јапонецот ја напушти Барселона во 2016 , а сега Каталонците би сакале да го земат , но пред нив преговарале првите луѓе на Реал.

Реал за Кубо ја планира втората постава , каде би се подготвувал за настапи со првиот состав. Трансферот ќе биде завршен во наредните неколку дена.

Седма титула за кошаркарите на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. се нови шампион на Македонија. 

Сино белите од населбата Аеродром по трет пат во финалната серија го совладаа бранителот на тронот Работнички и заслужено стигнаа до нов шампионскиот трофеј.  

Вечерва на домашен терен кошаркарите на МЗТ Скопје во интересен натпревар со 85 – 78 го совладаа  ослабениот вечен ривал Работнички за триумф во финалето од 3-0 во победи.

Подолгата клупа на  металците и вечерва беше клучна за конечниот епилог на третиот финален дуел. Ослабениот Работнички, Докузовски играше со само седум кошаркари, повторно попушти во финишот и дозволи  МЗТ Скопје по седми пат во клупската историја да го освои шампионскиот пехар.

Најефикасни во редовите на новиот шампион се Иве Иванов со 23  и Медфорд и Дамјан Стојановски со по 16 односно 12 кошеви. Кај Работнички  најпрецизни со по 17 поени се искусените Чековски Костов.

притисни ентер