На боиштата на Блискиот исток се борат 15 македонски државјани

До пред неколку години се бореле на страната на ИСИС, денес живеат нормален живот во земјава – безбедносните служби имаат информации дека на слобода се 57 повратници од Сирија.

Нив државата не може да ги гони, бидејќи учеството во странски војни е казниво дури по измените на законот во  2014-та година, а тие заминале и се вратиле претходно. Сепак, безбедносните органи уверуваат дека редовно ги следат нивните активности, и според сегашните проценки нема индиции за можно терористичко загрозување на безбедноста.

По измените на законот, интересот на македонските државјани за војување во Сирија драстично се намалил, но сепак некои се одлучувале да заминат.. Вообичаената рута е легално да стигнат до Турција, а потоа преку диви премини да стигнат до градот Џараблус, првата станица на сирискиот фронт. 

Дел од овие, односно 23 лица, се вратиле во земјава и се уапсени во акциите Келија. Тројца македонски џихадисти има и во турските затвори.

За последниот случај, кога во вторникот од Сирија беа донесени 7-мина, од МВР појаснуваат дека станува збор за џихадисти за кои знаеле и ги барале, а за 5 мина од нив имало и судска потерница. Потврдуваат дека тие биле  заробени од страна на Сириските демократски сили, кои се борат и против ИСИС и против режимот на Асад, а потоа предадени на Меѓународната коалиција предводена од САД. Во земјава биле донесени со авион на држава ченка на Коалицијата, а веднаш по стапнувањето на македонска територија биле уапсени.

Со ова Македонија стана првата европска земја што прифатила свои државјани, борци на ИСИС, заробени во Сирија. Македонските безбедносни служби процениле дека тоа е подобро за безбедноста на државата, отколку да останат таму.

Канал 5 вчера објави ексклузивни сведоштва на двајца од нив, снимени во затвор од сириската агенција АНХА.

Според информациите на МВР, во Сирија се уште има 15 активни борци на ИСИС од Македонија. Покрај нив, има и 9 жени, а некои од нив имаат и деца таму. Вкупно, од почетокот на војната, 156 македонски државјани војувале на боиштата во Сирија, а 35 загинале. За некои од нив има потврда, за некои не.

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер