Еден социјален работник ќе се посвети на едно семејство

Еден квалификуван работник посветен на едно социјално семејство за да го изведе од прагот на сиромаштијата.

Концептот на интегрирано „водење предмет“ има за цел работникот да ја следи целата состојба на загрозените лица, да ги упати на вистинското место и да врши редовен увид во работата на институциите кои нудат социјални услуги.

„Тоа значи воведување на принцип на еден социјален работник, односно еден стручен работник којшто ќе го следи семејството што е во ризик, сите индивидуи што се во ризик и ќе овозможи навремено превенирање на сите дополнителни ризици во кои би се нашло семејството и навремено реагирање и интервенирање.“ – изјави Санела Шкријељ, шеф на кабинет во МТСП .

Во центрите за социјална заштита има околу 700 работници, но повеќе од половина не се соодветно квалификувани. Во наредните 2 месеци ќе се спроведуваат дополнителни обуки и ќе се вработува нов кадар за да се зголеми интензитетот и квалитетот на услугите, а да се избегнат административните лавиринти.

„Вие добро знаете, нашата држава се соочува со значителен број на социјални ризици, живееме во држава во која што за жал скоро една третина од дечињата живеат во сиромаштија, насилството е се уште доста застапено и сметаме дека овој концепт може да даде значителен исчекор напред во справувањето со овие социјални феномени.“ – изјави Александар Лазовски од УНИЦЕФ.

Новиот Закон за социјална заштита ќе стапи на сила од 1 јануари 2019 година.

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер