Тендерот на министерот Филипче ќе го чешла ОЈО

Тендерот за набавка на биореагенси и тестови на крв вреден 35 милиони евра се најде во основното јавно обвинителство.

Обвинителството поведе предистражна постапка по допрен глас заради постоење индиции за повредена на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во министерството за здравство како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми.

„Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Скандалозниот тендер доби голем интерес во јавноста откако беше објавено дека се јавила само дена фирма, и тоа регистрирана во период кога беше отворен технички дијалог во април оваа година.  Тендерот вреден 35 милиони евра, го распиша Министерството за здравство за набавка на хемиски реагенси, е поништен.  

Министерот Венко Филипче соопшти дека со евалуацијата е потврдено дека има недостатоци во поднесените документи од страна на економскиот оператор. Tендерот се однесуваше за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема на бесплатно користење за потребите на јавните здравствени установи се јави само еден економски оператор. Единствениот понудувач беше фирмата „АХР лаб увоз-извоз ДООЕЛ во сопственост на Предраг Петрич од Нови Сад, а директор се наведува Александар Јовановски –Жути. Едиснтвен контакт во централниот регистар беше адресата на yahoo.

Министерот за здравство Венко Филипче во моментов е на одмор, и најави соопштение по од министерството за отворениот предмет.

Филипче најави нов тендер за реагенси.

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер