Мурињо: Погба е среќен во Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека халфот Пол Погба е среќен и е подготвен да им помага на своите соиграчи и на тимот.

Во последните денови се појави информација дека 25-годишниот Французин сака да премине во Барселона и дури имал средби со раководството на двата клуба, но Мурињо увери дека во овие гласини нема ништо точно.

- Според мое мислење, Погба се прибра среќен во понеделникот и полн со желба за работа. Тој се претстави одлично на тренинзите во текот на неделата. Работната етика покажува дека тој е задоволен и дури нема смисла да зборувам со него дали сака да остане, изјави Португалецот.

Манчестер Јунајтед ја започнува новата сезона во Премиер лигата вечерва со натпревар против Лестер, но најверојатно Погба нема да биде вклучен во составот за дуелот. 

Три години градба на стадионот на Тотенхем собрани во две минути (ВИДЕО)

Изградбата на големиот стадион на фудбалскиот клуб Тотенхем почна во 2016 и чини милијарда фунти.

За да го прослават завршетокот на градбата на стадионот White Hart Lane, Спурси објавија забрзано видео од поставувањето на темелите до денеска. На снимката се гледа уривањето на стариот стадион и целиот процес на изградба на новиот. Во исто време на градбата работеа и по 1 000 работници по 24 часа на ден.

Отворањето на стадионот е закажано за во недела о тоа прво ќе го испроба подмладокот во натпревар со Саутемтон , а следната сабота ќе се одигра натпреварот на Спурси со Интер од Милано. Стадионот има капацитет од 62 000 гледачи.

Видео: Балканско НБА дерби, Богдановиќ заби преку Дончиќ

Кошаркарот на Сакраменто, Србинот Богдан Богдановиќ немаше милост кон својот млад пријател од екипата на Далас, Словенецот Лука Дончиќ.

Бекот на Кингси Богдановиќ со левата рака го заби баскетот во обрачот покрај Дончиќ кој се обиде да го блокира неговиот влез.

Овој потег предизвика насмевки на лицата кај двајцата добри пријатели.

Инаку во балканското НБА дерби Богдановиќ оствари 7 поени, 3 скока и 2 асистенции, а Дончиќ заврши со 13 поени и 10 скока.

Македонската фудбалска репрезентација со триумф над Летонија ги отвори квалификациите за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација со сигурна победа над Летонија од 3-1 на Арената Филип Втори ги започна натпреварите во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020.

Црвено жолтите со победата над Летонија од 3-1 со двата гола на Елмас во 30 и 90 минута  и погодокот на Алиоски во 12 минута  ги оправдаа очекувањата и потврдија дека во новиот циклус квалификации влегуваат со амбиции за висок пласман во конкуренција на фаворитите Австрија и Полска и селекциите на Словенија , Израел и синоќашниот противник Летонија.

Вчерашниот стартен меч во квалификациите за ЕП во 2020 беше јубилејниот 100-ти натпревар на капитенот Горан Пандев во дресот на најдобрата селекција на Македонија.

Избраниците на Игор Ангеловски немаат многу време за славење бидејќи веќе во недела  ги очекува нов квалификациски предизвик  гостување кај незгодата Словенија.

На пресконференцијата по средбата со Летонија, селекторот Ангеловски задоволен од резулатот истакна: 

„Среќни сме што победивме, на убав начин му го честитавме јубилејот на Горан Пандев. Токму фудбалерите му честитаа на најдобар можен начин. Елиф Елмас беше одличен, со два гола му честиташе на батко Горан. Тоа што го најавивме и го остваривме, освоивме три бода. Мислам дека е сосема заслужено. Моравме и порано да го решиме натпреварот, но на крајот се добро се заврши. Нема еуфорија, одиме понатаму, не очекува нов меч, против Словенија во Љубљана. Ги повикувам сите наши иселеници да дојдат и да не бодрат, а ние ќе возвратиме со беспоштедна борба“, порача селекторот Ангеловски.

притисни ентер