Во воздушни напади во Јемен убиени 29 деца и уште толку повредени

Најмалку 80 повредени и 50 загинати, од кои 29 деца, од најновите воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија против јеменските бунтовници Хути.

Нападите  беа извршени  и врз училишен автобус, кој пренесувал деца во летен камп. Повеќето од жртвите се помлади од 10 години.

Се очекува бројката на жртви да порасне, бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба.

Саудиската новинарска агенција изјави дека „бомбардирањата се во согласност со меѓународното и хуманитарно право“.

Во меѓувреме коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека ги нападнала Хутите бидејќи во средата лансирале ракета кон саудискиот град Џизан.

Коалицијата соопшти дека во прашање била легитимна воена акција.

Во граѓанската војна во Јемен досега загинаа околу 10.000 лица, неколку десетици илјади се повредени, а повеќе од 2,5 милиона се во бегство.

Џафери во посета на Казахстан

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, во состав на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска и утре учествува на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство", во Нур-Султан, Република Казахстан.

На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија. Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен Финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на овој мултилатерален форум, на 25 и 26 септември 2019 год, претседателот Џафери ќе оствари официјална посета на Република Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на казахстанскиот Парламент Нурлан Нигматулин. /МИА

Помпео ќе се состане со Лавров в петок

Американскиот државен секретар Мајк Помпео треба в петок да се состане со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на заседанието на генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тие последен пат се сретнаа кон средината на мај во Сочи во Русија. Од тогаш Москва и Вашингтон се повлекоа од билатералната спогодба за нуклеарните сили од среден дострел што се заканува повторно да ја стартува трката во вооружување.

Арапските партии го поддржаа Ганц за израелски премиер

Сојузот партии заедничка листа со 13 пратеници од кои мнозинството се израелски арапи го поддржаа Бени Ганц, лидерот на сојузот на партиите од центарот сино бело за нов премиер на Израел.

Тоа е прв пат од 1992 година кога арапските пратеници му овозможија на Јицак Рабин да обезбеди мнозинство пред потпишувањето на привремениот мировен договор со палестинската ослободителна организација. „За нас е најважно премиерот Бенјамин Нетанјаху да се тргне од власт, изјави лидерот на заедничка листа Ајман Одех.

притисни ентер