Ferrari најави нов таен модел

Италијанскиот производител на Ferrari најави нов модел со нејасна силуета на нивниот заштитен коњ за 17 септември.

Според најавите , претставувањето на новиот модел е резервирано само за сопствениците на Ferrari. Шифруваното име на моделот е F176 , а според она што го нудат , сите детали може да бидат само шпекулации.

На заматената слика се забележува модел со широка предница , сличен на моделот Dallar Stradale, се шпекулира дека ќе биде базиран на моделот 812 Superfast,а официјалното име би било 812 Monza. Што се однесува за 812 Superfast, овој модел за погон користи 6,5- литарски V12 мотор со  788 KS и 718 Nm момент на вртење.

Стандардната верзија на моделот што го наследи F12 Berlinettа забрзува од 0-100 km/h за 2,9 sekundi, a максималната брзина e 340 km/h. Новиот модел ќе го наследи J50, кој беше претставен кон крајот на минатата година , како специјална верзија на Ferrari во чест на 50 годишнината на пазарот во Јапонија.

Се израдувала на ракувањето со претседателот, а потоа направила голема грешка

Француските медиуми денеска опширно коментираат и прераскажуваат за комеморацијата по повод 100 години од завршувањето на Првата светска војна во Париз.

Француските медиуми, кои денеска опширно коментираат и прераскажуваат за комеморацијата по повод 100 години од завршувањето на Првата светска војна во Париз и за сите случувања во врска со тоа, пренеле и една интересна занимливост, на една збунета жена која дошла да се ракува со Ангела Меркел мислејќи дека е првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Тоа се случило уште во саботата кога претседателот Емануел Макрон и Меркел ја посетиле шумата Компиења, каде на 11 ноември 1918 година е потпишано примирјето, пишува весникот „20 минути“. (20 Minutes).

Жената која дошла да присуствува на откривањето на спомен плочата, после церемонијата му пришла на Маркон и возбудено изјавила дека за неа е неверојатно тоа што таа како обична жена има прилика да се ракува со претседателот. Потоа се свртила кон Меркел со прашањето: А, вие сте госпоѓа Макрон?

Симпатичната ситуација се завршила со фотографија на жената со Макрон и германската канцеларка.

Француските медиуми исто така ги пренесуваат пофалбите и критиките на социјалните мрежи упатени кој Брижит Макрон, која на комеморацијата во Париз носела накит, капут од марката Луј Витон кој чини 3.600 евра.

Додека некои ја пофалиле нејзината беспрекорна елеганција како прва дама, други ја критикувале поради цената на капутот и тоа што на денот посветен на светската историја е рекламирана марката Луј Витон.

Сега и официјално: Згодниот актер и убавата пејачка ја потврдија врската

Половина година после разводот од сопругата актерот Ченинг Тејтум е во среќна врска со пејачката Џеси Џеј.

Иако за нивната врска досега само се шпекулираше, изгледа дека тие на овој начин ги потврдија гласините.

Имено, Џеси Џеј на Инстаграм објавила видео-снимка од лондонската премиера на претставата „Magic Mike”, во која глуми Ченинг.
foto: Instagram

Актерката го означилa Ченинг во видеото, му честитала, а на останатите им порачала дека ова не смеат да го пропуштат.

Досега се се темелеше на гласини и на зборови на очевидци, а ова е прв пат некој од нив двајца на некој начин да ја потврдат врската.

Изгоре домот на Џерард Батлер

Катастрофалните пожари во Малибу целосно ги уништија домовите на многу луѓе, меѓу кои и на многу познати личности.

Тука имотите се навистина со високи цени и токму сега секој што има дом во Малибу има сериозна причина за загриженост.

Доказ за тоа е селфито на Џерард Батлер направено од неговиот дом или барем она што останало од него.

„По евакуацијата се вратив дома. Многу луѓе сега имаат скршени срца во Калифорнија“, напиша тој.

Но, наместо да се пожали, тој ја користи можноста да ги пофали пожарникарите за нивната „храброст, саможртва и дух“.

 Над 3.000 пожарникари се испратени таму за да се борат против огнената стихија.

Жерард Батлер не е единствената славна личност што го изгуби својот дом во беснеењето пожарите.

Пејачот Робин Тик и риалити рок-ѕвездата Камил Гремер, исто така, ги изгубија своите куќи.

Меѓу ѕвездите кои беа принудно евакуирани од областа се Лејди Гага, семејството на Пирс Броснан, кланот Кардашијан, Шер, Вил Смит, Орландо Блум и многу други.

Најмалку 23 лица загинаа поради пожарите во северна Калифорнија.

На југ, илјадници домови сезагрозени, а целата област на Малибу е исто така под закана.

притисни ентер