Германија ја укинува забраната за кукаст крст во видео игрите

Видео игрите кои ќе бидат комерцијализирани во Германија , ќе може да ги користат симболите на нацизмот , но не во пропагандни цели , одлучи германското регулаторно тело.

До сега видео игрите , за разлика од филмовите и другите претстави мораа да го почитуваат законот со кој се забранува истакнување симболи од времето на нацизмот.

Кукастиот крст во некои игри како што се "Call of Duty" или "Wolfenstein II: The New Colossus",во германската верзија беше заменет со триаголник. Сеоак , регулаторните наведуваат дека дозволата нема да важи за сите , туку ќе се издава поединечно за секоја игра.

,, Таквите симболи може да се користат само докоплку се во функција на уметноста , науката или историјата .”, наведува регулаторот и објаснува дека истите критериуми важат и за филмовите. Германската јавност негодуваше поради цензурата на видео игрите или игрите со сменети симболи , како на пример игра со избришани мустаќи на Адолф Хитлер.  

Ева Лонгрија се пофали со новата фигура (ФОТО)

Актерката Ева Лонгрија пред седум месеци го роди синот Сантијаго , но за време на бременоста прекумерно се здебели.

Станува збор за вишок од дваесетина килограми, поради што се најде на удар на јавноста. Затоа актерката почна со диети и вежбење кои очигледно дадоа резултати.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hey y’all, stay tuned for what’s to come! So excited for this upcoming collab @fabfitfun 👗 ✨

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Таа денеска се пофали на социјалните мрежи со новиот изглед и совршената фигура , каква што ја паметиме од серијата ,,Очајни домаќинки” .

Такви беа коментарите на фановите , кои коментираа дека се вратила старата Габриел Солис.

Откриена нова месечина во нашиот Сончев систем

Научниците пронашле нова месечина во нашиот Сончев систем

Новооткриеното небесно тело се нарекува Хипокамп , според античкото животно кое било дел риба , а дел коњ. Хипокамп лебди околу планетата Нептун и е најмала месечина на оваа планета.

Има дијаметар околу 34 километри , а со ова откритие се потврдени 14 месечини околу Нептун. До ова откритие е дојдено преку снимките од сателитот Хабл на НАСА.

Ова небеско тело било снимено уштње 1989 , но не му било дадено значење , зашто има мал дијаметар. Потоа во 2004 уште еднаш е забележано , но повторно се мислело дека не станува збор за месечина , туку за друго небесно тело.

Актер платил за лажен расистички напад врз себеси – заврши во затвор

Американскиот актер Џаси Смолет , кој тврдеше дека бил жртва на расистички напад, за што ги обвини проврзаниците на Трамп, денеска е притворен.

Афроамериканецот , кој себеси се декларира јавно за хомосексуалец , е притворен зашто го лажирал нападот за да си ја унапреди актерката кариера.

Како што објави полицијата од Чикаго , Смолет (36) се предал утрово во 5 часот , откако вчера против него е покренато обвинение за лажна пријава. Во текот на денот ќе биде сослушан во судот во Чикаго.

Ѕвездата на серијата ,,Империја” , која се емитува на телевизијата Фокс , на двајца браќа им платил 3 500 долари за да лажираат напад над него, зашто не бил задоволен со својата плата.

Кон крајот на јануари , Смолет поднесе тужба во која навел дека две маскирани лица го нападнале во центарот на Чикаго , го навредувале расно и поради сексуалната ориентација. Потоа наводно и физички го нападнале , му врзале јаже околу вратот и го посипале со некаква хемиска материја. Тие наводно му кажувале дека се приврзаници на претседателот Трамп.

Браќата сега признале дека Смолет им платил за нападот , а најдени се и снимки од безбедносните камери на кои се гледа како браќата го купуваат материјалот за нападот.

Телевизијата Фокс излезе со соопштение во кое наведува дека ги разгледува опциите во врска со серијата.

притисни ентер