Форд го прослави својот 10 милионити Mustang (ВИДЕО)

Американскиот производител на автомобили и официјално го одбележа производството на својот 10 милионити автомобил Мустанг .

Доказ за тоа колку е Мустанг значаен за Форд е и амблемот на коњ во галоп што го доби 10 милионитиот автомобил , наместо вообичаениот знак . По неофицијалната најава на почетокот на неделава , главната забава на Форд се одржа пред седиштето во Дирборн , како и во фабриката Флет Рок , каде е произведен овој модел.

На забавата беше одржана и парада , на која продефилираа автомобилите Мустанг од сите генерации. Јубилејниот примерок е белиот Мустанг GT Convertible , што го поврзува овој автомобил со првиот Мустанг проиведен во 1964 година , кој исто бил бел кабриолет.

Актуелниот Мустанг припаѓа на шестата генерација на овој модел . За последните 50 години , Мустангот е најпродаваниот спортски автомобил во САД.

Оригиналниот Мустанг имал тристепен автоматски менувач и V8 мотор што произведувал само 166 ks (122 kW), додека јубилејниот има погон од 5.0 V8 агрегат со дури 466 ks (343 kW), односно е посилен за дури 300 ,,коњи”.

Северина со заводлива фотографија ја најавува новата турнеја

Северина со полна пареа се подготвува за нова турнеја.

Таа турнејата ја најави со заводлива фотографија на која позира во црн корсет, мрежести чорапи и високи потпетици.

„Подготвена за шоу“, најави пеачката со фотографијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ready for show🖤 #magictour #bajkazacijeluobitelj #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Во само половина час таа заработи преку 6.000 лајкови, а фановите во коментарите и не штедеа комплименти.

„Северина- најубава од Бомбај до Берлин“, „Преубава“, „Тооп“, се само дел од коментарите.

Славниот актер не сака да ја запознае својата ќерка

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој е познат по улогите во некои од најпознатите комедии има три деца со три различни жени.

Неговите фанови ги шокираше веста дека тој никогаш не ја запознал својата најмлада ќерка. Тоа го открила неговата поранешна девојка Варуние Вонгсвиратес за „Дејли Меил“.

 -Никогаш не ја запозна Лила. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не беше потребно. На Лила и треба татко. Иронично е што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја запознал, рекла таа.

Варуние на актерот му порачала дека треба да издвои време за својата ќерка.

-Треба да ја видиш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа баш како тебе, истакнала таа.

Славниот актер во почетокот не ни верувал дека Лила е негова ќерка, па побарал да направи тест. Но откако е докажано дека тој е навистина татко, пред судот изјавил дека не сака старателство над детето. Славниот актер редовно одржува контакт со синовите од претходните две врски.

Хали Бери и стана опасна конкуренција на Џеј Ло

Таа напорно тренира за нова улога.

Хали Бери на Инстаграм често ја покажува својата фигура, а овој пат ги покажа и стомачните мускули, со какви малкумина можат да се пофалат.

Таа напорно тренира за нова улога. Пред нејзе е снимање на ММА драмата „Bruised“, во која не само што глуми туку и режира. Иако редовно вежба и пази на исхраната, во последно време таа ги интензивирала тренинзите, а резултатите се и тоа како видливи.

-Една од моите цели за филмот „Bruised“. Дефинирани стомачни мускули. Денес конечно ги имама, а чувството е неверојатно, напиша Бери во описот на една од фотографиите и ги поттикна фановите да постават своите фитнес цели.

Резултатот се исплател, а очигледно е и дека Џенифер Лопез добива конкуренција, барем кога се стомачните мускули во прашање.

притисни ентер