На Џонсон му се заканува истрага поради изјавата за бурките

Против поранешниот министер за надворешни работи на Британија се подготвува партиска истрага поради коментарот за носење бурки.

Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон се соочува со истрага за можно кршење на Кодексот на неговата Конзервативна партија, наведува весникот ,, Evening Standard”. Формалната одлука партијата треба да ја донесе во текот на денов.

Британската премиерка Тереза Меј го повика вчера Џонсон да се извини , поради колумната во која напишал дека жените кои носат бурки личат на ,,поштенски сандачиња” и ,,ограбувачи на банки”. Во барањето за извинување Меј напиша и дека жените сепак сами треба да решаваат како ќе се облекуваат.

Претставниците на муслиманите во Британија , како и министерот за Блискиот Исток , Алистер барт , излегоа со осуди на вчерашната колумна на Џонсон, тврдејќи дека во неа ништо не е како што треба.

За сега нема најава дека Џонсон ќе се извини за колумната во Дејли телеграф. Тој во текстот напишал дека е против забраната за носење бурки , но дека е апсолутно смешно луѓе да се движат како поштенски сандачиња.

Надзор над АКМИС системот и во 2019 година

Надзор над АКМИС системот ќе биде вршен и следната година и ќе бидат опфатени нови судови, но и дел од оние каде беа утврдени неправилности. 

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека надзорот над АКМИСот останува стратешка определба на Владата.

– Овој месец донесов решение за надзор над АКМИСот во 16 судови кој ќе се спроведува во текот на 2019 година. Комисијата која во изминатиот период направи увид, најверојатнио сега ќе врши надзор со тоа што сега опфатени се и нови судови, како и дел од судовите кај кои беше извршен надзор, а кај кои беа забележани недостатоци. Се врши повторен надзор за да видиме дали имаме усогласување. Континуираниот надзор над АКМИСот е стратешка определба која е влезена во програмата на Владата и Министерството за правда и ќе почнеме да го реализираме веќе од јануари, изјави Дескоска. /МИА

Вечерва „Само Вистина“ интервју со Тито Петковски

Почитувани гледачи, сонувачи за подобро утре и реалисти... На жешкиот икс вечерва послендото  интервју во оваа сезона со претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Беше оптимист за ратификација на Преспанскиот договор, помина еуфоријата, но политиканството не го отстапи пиедесталот, може ли од оваа перспектива да ни каже „каде оди Македонија“?

Кога ќе се оствари 27-годишниот сон за евро-интеграициите, кому повеќе а кому помалку ќе му прости македонскиот народ за политичките манипулации, а ќе може ли мачката да го пушти глушецот на слобода?

Што е со меѓусебните разединувања на политичка основа, кога ќе се помират левите и десните?

Амнестија или владеење на правото, што е лекот за помирна иднина?

Како претседател на Собранието и политичар со најголем стаж, може ли да ни каже што мисли, кој и како можеше да ги мобилизира „заведените“ граѓани за 27-априлското сецарио?

Кој не читаше меѓу редови, а кому му одговараше да замижи со „отворени“ очи?

До кога двојните политички аршини ќе играат со реалните потреби, а гладните стомаци на граѓаните ќе „бистрат“ политика на празно?

Македонија или Унгарија, кој доби „шамар“ со бегството на премиерот и како политичкиот азил стана алиби за криминални дејствија...

За македонските црнила и светла иднина, за патриотизмот и визионерството, вечерва во Само Вистина, со Тито Петковски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија?

Руската шпионка призна „заговор со цел дејствување во Америка“

Агентката Марија Бутина е обвинета дека собирала информации и му ги пренесувала на еден руски функционер против кого американските власти годинава воведоа санкции, како и дека настојувала да воспостави врски меѓу американски политичари и Кремљ.

Руската тајна агентка Марија Бутина се согласила да соработува со американските власти и се изјасни за виновна за вмешаност во обид да се влијае врз американската политика кон Русија.

Како што пренесува Еј-Би-Си, Бутина, која беше уапсена летоска и обвинета за завера, призна дека правела завера со цел дејствување во Америка под раководство на неименуван руски функционер.

Уште кон средината на ноември се знаело дека таа размислува да „проговори“ за да го реши својот случај, а нејзините адвокати рекоа дека обвиненијата против неа се „пренапумпани“. Таа тврдеше дека не е руски агент, како и дека е активистка за права за носење оружје.

Таа сега ќе соработува со федералните власти, како и со ФБИ, јавија американските медиуми.

притисни ентер