Италија протера Македонец поради тероризам

Италијанските власти соопштија дека протерале четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин.

Медиумите објавија дека македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата.

Припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.

Американските компании заработуваат милијарди од продажба на оружје

Според Меѓународниот институт за истражување во Стокхолм , во 2016 стоте водечки компании за производство на оружје и воена опреам во светот оствариле профит од 375 милијарди долари. 

За 2017 институтот нема податоци , но затоа се појавија во специјализираното списание Defense News.  . Таму составиле листа од 100 најголеми производители на воена опреам и оружје во светот.Од шест први компании во светот , пет места имаат  американските .

Прва е компанијата Локид Мартин , која ги произведува воените авиони Ф-35 и Ф-16. Мионатата година во одбрамбениот сектор компанијата имала приход од 47,985 милијарди долари , што е раст од 10 проценти во однос на 2016. Воедно , тоа се 94 проценти од вкупните приходи на компанијата.

На второ место е американската компанија Raytheon чии приходи лани од продажбата на оружје и одбрамбени системи изнесувале 23 , 574 милијарди долари. На трето емсто е британската BAE Systems , која заработила лани 22,38 милијарди од продажба на оружје или за пет проценти помалку од 2016.

Веднаш по британската , следуваат уште три американски компании и тоа Northrop Grumman со 21,7 милијарди долари профит за 2017, потоа Boing со 20, 561 милијарди и General Dynamics со приход од 19, 587 милијарди долари .

Далеку зад нив е Европскиот Erbas со 11,186 милијарди приход од одбрамбениот дел , а дури на осмото место е руската Almaz-Antey со 9,125 милијарди приходи од оружје и опрема.

Десетици загинаа во поплавите во Индија (ВИДЕО)

Силните монсунски дождови предизвикаа незапаметени поплави во јужната индиска држава Керала.

Во поплавите , свлечиштата , урнатите мостови и куќи , предизвикани од силните дождови од почетокот на неделава загинаа најмалку 67 луѓе. Денеска црниот биланс се зголеми за уште 25 жртви.

Според тамошните власти , состојбата во прифатните центри , каде се сместени илјадници евакуирани нема да се подобри , зашто се поголем број луѓе бегаат пред поплавите , а дождовите нема да престанат до сабота.

Во прекин е и аеродромскиот сообраќај на единствениот меѓународен аеродром во областа , во градот Кочи , поради поплавените писти.

Инаку , Керала е познато летувалиште со прекрасни плажи и одморалишта . Сезоната на монсуни во овој дел од Индија трае од јуни до септември.

Хрватски министер спасувал српски туристи

Хрватскиот министер за труд, Марко Павиќ помогнал двајца српски туристи да не се удават кај островот Брач.

За време на силното невреме што го зафати поголемиот дел на Јадранското Море  во текот на вчерашниот ден , двајца српски туристи почнале да се дават во разбрануваното море. Министерот за труд на Хрватска , Марко Павиќ , кој се нашол на брегот во близина на местото Милни , на Брач , помогнал во нивното спасување.

Татко и ќерка од Србија се обуидувале да го спасат чамецот и завршиле во морето , а постоела опасност да сде удрат во карпите покрај брегот. Павиќ заедно со уште еден локален жител успеале да ги спасат.

Инаку , поради невремето на Јадранот во текот на вчерашниот ден хрватскиот Центар за спасување на море добил над 120 повици. Во 50 спасувачки акции биле спасени 65 лица, соопштува Министерството за море, сообраќај и инфраструктура на Хрватска.

Најголем број повици , за среќа без фатални последици имало во шибенскиот , сплитскиот и дубровничкиот регион , каде силните бранови оштетиле голем број пловила.

притисни ентер