Како би изгледала Земјата доколку луѓето одеднаш исчезнат (видео)

На Земјата живеат повеќе од 7.6 милијарди луѓе, а таа бројка секојдневно се зголемува.

Влијанието кое го имаме на планетата најлесно ќе се сфати доколку се запрашаме “што би било доколку нас не нема“. Тој одговор го понуди страницата „What if”.

За неколку секунди

Кога сите луѓе одеднаш би исчезнале од Земјата, би настанал хаос во истиот момент. Авионите би паѓале, возовите би излегле од шините....

За еден час

После еден час би почнало замрачувањето ширум светот. Електраните би престанале да работат.

После еден ден

Следниот ден компјутерите автоматски би ги исклучиле погоните во нуклеарните електрани и така би се спречила катастрофа. Светот би останал без електрична енергија.

После три дена

Улиците би биле полни со животни.

После 10 дена

За десет дена би попуштиле безбедносните мерки во нуклеарните електрани и би започнале ланчани експлозии, ослободување на токсична радијација ширум земјата. Животните кои живеат во погодените зони би угинале.

Стоката и домашните животни би се повлекле во планините.

После неколку години

За неколку години градовите какви што ги познаваме денеска, би започнале да личат на тематски паркови. Радијацијата би се расчистила, а вегетацијата би започнала да расте по улиците и зградите.

После 30 години

За 30 години сателитите кои сме ги лансирале за да ја истражуваат вселената би се вратиле на Земјата. Куќите и солитерите ќе почнат да се рушат.

После 40 години

Глобалното затоплување би продолжило уште 40 години после исчезнувањето на човекот.

После 60 години

За 60 години морскиот свет ќе почне да заздравува.

После 150 години

Природата би се вратила во првобитната состојба. Лондон би станал мочуриште, во Ванкувер поради снегот и мразот би се издигале костурите на високите згради, Лас Вегас би станал пустина.

После 500 години

После 500 години шумите би станале поздрави отколку што биле во последните 10.000 години, а природата би ја избришала скоро секоја трага од човечкото постоење.

 

Доаѓаат празниците, внимавајте на килограмите и здравјето

Доаѓа периодот од годината кога поради празниците и ладното време, сакаме поголем дел од времето да го поминуваме дома и на трпеза со разна храна.

Сето тоа може да го наруши балансот на телото, доколку во текот на изминатите месеци сте биле физички активни или да ни го влоши здравјето, доколку немаме никаква физичка активност.

Важно, токму во ладните и празнични денови, е да не заборавите дека фитнесот овозможува фантастична можност за одржување на здравјето на телото, но и духот, вели Александра Наумовска, персонален фитнес тренер, кој долги години одлично ја разбира оваа работа и преку разни совети на социјалните мрежи, каде е доста активна и актуелна, секогаш ги мотивира сите да вежбаат, барем неколку часа во текот на неделата.

-Не смееме да заборавиме дека првобитна цел на фитнесот е здрава положба на телото и одлично здравје. Ова го истакнувам, бидејќи во последно време се создаде впечаток дека ако вежбаш, прво тоа го правиш за добар изглед и мускули, па потоа за се друго. Секогаш на прво место е здравјето, бидејќи со редовно вежбање, свесни сме за сите здравствени придобивки, посебно сега кога владеат и многу вируси. За да се развие мускулатура,човекот тренира со тежина, за да се запази здрава работоспособност, во планот за тренирање се вметнуваат дополнителни активности, како што е крос трчање и возење велосипед, а вежбите за растегнување, со цел за да се запази подвижноста и еластичноста на телото, се дополнуваат во секоја добро осмислена  програма. Имено, многубројните различни физички активности, го означуваат планот, и здравата тренирачка шема. Ова само ни докажува дека на нас е оставен изборот. Да вежбаме она што сакаме и ни одговара според времето и потребите, вели Александра.

Храната е секако најважна. Многупати е зборувано и советувано, што треба да се јаде,а што не. Овој пат само сакам да ги потсетам вашите читатели, посебно тие што не се физички активни, доколку за време на празнициве повеќе уживаат во сарми, торти, баклави, навистина е важно да спортуваат, во најмала рака да пешачат. Ние како персонални тренери сме тука за сите совети, вели Наумовска.

Значи да резимираме. тренирањето би довело до најдобри можни резултати само кога се надополнува со потребната количина на здрава храна. Затоа внимавајте што јадете за време на празниците.

Музичарите и оваа година со своја манифестација ги сумираа успесите од 2018

Традицонално, шеста година по ред, во Гостивар се одржа една од најдобрите и најкоментираните меѓу нашите музичари, музичка вечер.

Целта на оваа музичка вечер е на едно место, во иста вечер да се соберат, дружат, пеат многу музичари, пеачи, бендови...

Гостивар, кај музичката јавност, веќе стана познат по оваа музичка вечер, која на едно место ги собира многуте љубители на убавата македонска песна. Годинава се помина одлично. Продолжуваме да ја развиваме оваа наша традиција, бидејќи сакаме на овој начин да одбележиме крај на една плодна и успешно завршена година на професионален план, кај сите нас, велат организаторите Драган, Анде и Дарко, инаку дел од одлично познат бенд од овој крај, кој веќе ја промовираше и својата прва авторска песна.

Станува збор за гостиварците „Фантастик бенд“, кој од неодамна во својот состав како пејач, го имаат и момчето кое нашата јавност го запозна уште од првата сезона во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Ангеловски.

„Дари ми љубов“, е нивното првенче. Музиката е на Душко Наумоски, текст на Драган Матески и аранжманот на Јован Василевски.

Балканот е подготвен за музичките награди „МАЦ“

Љубителите на музиката од целиот регион наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени нумери и изведувачи.

И со тоа да ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на регионалните музички признанија MAC (Music Awards Ceremony).

Признанијата на најдобрите изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат доделени на 29 јануари 2019 година, на спектакуларната манифестација во Штарк арената, на која ќе учествуваат повеќе од 60 познати личности од регионот.

Најголемите музички ѕвезди од нашите простори веќе ги следат MAC, а Горан Бреговиќ со фотографија ги повика љубителите на добрата музика и одличната забава да го проследат настанот. Воодушевувањето од идејата за прво доделување на музички награди стигнува од уште една голема регионална музичка ѕвезда – Тони Цетински:

„Долго регионот чекаше на настан каков што е MAC. Музиката ги спојува луѓето, и сигурен сум дека овој пат ќе нè спои на најдобар можен начин. Се гледаме на 29 јануари!“

Првиот, иницијален избор на нумери и изведувачи за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, раководејќи се од свои релевантни параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите. На тој начин веќе ќе се уважат мислењата на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фаворити, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците на категориите.

притисни ентер