Први снимки на новото Ауди А3 (ФОТО)

Папарацо ги сними првите фотографии на Ауди А3 , кој се очекува да се појави следната година.

Иако станува збор за фотографии направени пред време , прототипот веќе има продукциска каросерија и фарови. И не само тоа . Измени има и во самиот изглед , кој потсетува на спортската верзија на Ауди S 3 , кој веројатно ќе се појави на пазарот дури 2020 или следната година.

Новата , четврта генерација на А3 ќе се појави во исто време со моделите   од VAG групата ,  Golf VIII и  Seat Leon IV. 

На фотографиите се забележува и нова светлосна група , слична како кај поголемите модели на Ауди A6, A7 и A8, како и кај новиот A1 Sportback. ЛЕД дневните светла се со триаголна форма, па сепак новиот А3 многу ќе наликува на постојната генерација .  

Анкета на ЗСМ: 46 отсто од студентите на УКИМ земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар

Четириесет и шест отсто од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар.

 38 отсто од нив сметаат дека антибиотиците помагаат при лекување на сезонски грип, покажуваат резултатите од последното анкетно истражување што во изминатите два месеци го спроведе Здружението на студенти по медицина (ЗСМ).

Од Здружението соопштија дека по повод одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици (од 18 до 24 ноември) спровеле анкетно истражување во изминатите два месеци со цел добивање на информации околу степенот на познавањата на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје за правилната употреба на антибиотиците и појавата на антибиотската резистенција. Со анкетата биле опфатени 1.024 испитаници. 

Околу 6000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип

Околу шест илјади граѓани се пријавиле преку системот „Мој Термин“ за бесплатна вакцина против грип.

Од утре стартува бесплатното вакцинирање против грип во оваа категорија се граѓаните над 65 години бебиња од шест месеци до пет години, бремени жени. Овие граѓани треба претходно да заминат кај својот матичен доктор и да закажат термин за вакцина.  

Вакцинацијата ќе биде во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир во пунктовите за редовна вакцинација на деца од 14 до 18 часот, а во здравствените домови термини ќе има и за во сабота.

Министерот за здравство објаснува дека има доволно вакцини за сите, а доколку не стигнат вакцини има најава и за донација. 

За пациентите кои не можат сами да дојдат до местата за вакцини, ќе може со закажување на телефонот 194 да бидат транспортирани до местата за вакцинација.

Сите оние кои сакаат да се вакцинираат приватно вакцината чини 650 денари.

Kардиохируршки интервенции на деца покриени од ФЗОМ и во„Аџибадем Систина"

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина" почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца (на возраст до 18 години) со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Од болницата соопштија дека можноста за тие интервенции произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица, што го потпишале со Фондот.

Овие интервенции, информираа од болницата, ги извршува искусен тим од доктори предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем" од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15.000 интервенции.

Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолози, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца, кои се едни од најдобрите во регионот. Предност е што искусниот тим на доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава и ќе бидат вклучени во третман на кардиолошки заболувања кај деца. Целта е во следниот период „Аџибадем Систина" да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во државава, туку и на Балканот, посочија од болницата./МИА.

притисни ентер