Направени машки чевли за „криумчарење“ на виски (фото)

Овие машки чевли изгледаат како најобични оксфордки, но тие не се воопшто обични.

Британскиот произведувач на чевли Оливер Свини патнетирал невообичаени чевли во кои можете да „криумчарите“ шишенце виски.

Свини, имено, во соработка со шкотскиот произведувач на виски „Џони Вокер“, осмислил ограничена линија на машки оксфордски чевли. Изгледаат подобро од плоска, со тоа што и самата чевла е доста атрактивна. Чевлите се изработени од телешка кожа, а се прават во Италија. Секој пар чевли исто така доаѓа со  мини шише виски, поради што петата на нив е доста висока, пишува Бизнис инсајдер.

Кога ќе ја испиете вашата доза, слободно можете да ја наполните повотрно и заскогаш да уживате во вашите дизајнерски чевли.

Направени се само 130 рала вакви чевли, а цената, вистинска „ситница“ - 489 долари за пар.

Дали вие би ги носеле овие невообичаени чевли?

Британка паднала од велосипед и почнала да зборува Германски

Британката Хана Џенкинс по падот од велосипед , не можела да разбере што и зборуваат лушето околу неа , зашто знаела само Германски.

Хана за британските медиуми ја раскажува неверојатната сторија. Таа паднала од велосипед и завршила во болница со повреди на главата. Кога се освестила , не можела да разбере што и зборуваат луѓето околу неа. на своето момче , кој тогаш бил на пат во САД , му пратила порака на Германски . Тој од пораката разбрал само два збора, куќе и болница и знаел дека нешто не е во ред. Тој се вратил во Британија и ја затекнал Хана , која се освестила од ударот , по кој долго време била во несвест.

Таа не разбирала ништо и прашувала зошто луѓето не зборуваат англиски. Дури кога контактирала со нејзината сестра сфатила дека јазикот што го зборува е Германскиот. Двете научиле како мали Германски јазик, зашто родителите им биле полиглоти и знаеле повеќе јазици .Така , мајка им прво ги научила да говорат Германски , а потоа Англиски. Сестра и станала преведувач за да може Хана  да се разбере со докторите , а подоцна и со момчето. 

Психолозите сметаат дека Хана го загубила знаењето на вториот јазик , што значи дека одново ќе треба да го учи Англискиот , додека Германскиот , што го научила на најмала возраст , и останал скриен во паметењето и сега е единствениот на кој може да комуницира.

Oпел дели бонуси од 8 000 евра за соопствениците на стари дизели

Опел се обидува да ги тргне дизел возилата од улиците , а воедно да ја зголеми продажбата на новите модели.

Компанијата им нуди на купувачите во Германија бонус до 8 000 евра , доколку сакаат да се солободат од своето старо дизел возило. Купувачите ќе може да изберат нов автомобил или малку користен од возилата што ги користи за тестирање или демонстрација со дополнителна гаранција од две години. .

Шанса да го добијат овој "Opel Environment Bonus" имаат сопствениците на постари дизел модели со Еуро 1 до Еуро 4 стандард за емисија на штетни материи.

Условот е да го предадат старото возило , кое ќе биде уништено. Шанса за бонус имаат и сопствениците на дизел возила со Еуро 5 , но само доклклу живеат во загадените германски градови Минхен, Штутгарт, Келн и Хамбург.

Слични вакви акции веќе најавија Ауди , Сеат , Порше , Рено , Мерцедес и Фолксваген.

Џекпотот во САД достигна неверојатни 1,6 милијарди долари

Американскиот џекпот достигна рекордни 1,6 милијарди долари , откако не беше извлечен победничкиот број  во износ од 1 милијарда долари  во  Мега Милион.

На натпреварувањето, на кое беа извлечени 15 "втори" добивки , секој вреден по 1 милион долари, луѓето вчера оделе по бензински пумпи и продавници низ целата земја за да го купат добитниот лоз.

Шансите за избирање шест броја за освојување на наградата Мега Милиони, се една во 302.575.350.

Уште едно извелувањње за големиот американски џек-пот ќе се одржи во вторник.

Во Мега Милиони , за што се продаваат ливчиња во 44 американски држави, Колумбија и Девствените Острови , од јули не е извлечена главната награда , а фондот секојдневно се зголемува.

притисни ентер