Шкода : Новата Октавија ќе биде уметничко дело

Со речиси 420 000 продадени единици минатата година , Октавија и натаму е најпопуларен модел на Шкода , со речиси двојно продадени возила од вториот на листата , Рапид со 211 500 .

Поради ваквата добра продажба , Шкода реши кон почетокот на 2020 да лансира нова серија , и тоа само две години по редизејнираната трета генерација . Октавија , според најавите , ќе претрпи битни промени , ќе го задржи изгледот на хечбек , но ќе наликува повеќе на седан . Како и во сите модели на Шкода , и во новата предност ќе и се даде на практичноста.

Од фабриката во Млада Болеслава најавуваат дека оваа четврта генерација Октавии ќе биде вистинско уметничко дело. Базата на автомобилот ќе осмата генерација на Голф , кој следната година ќе биде пуштен во продажба .

Освен стандардниот 1,5 ТСИ се очекува и дизел 1,5 верзија , како и хибрид.

притисни ентер