Почнува Научната и уметничка визита во Куќата на Уранија-МАНУ

Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид вечер ќе биде отворена  со изложба на ракописи и епиграфски споменици.

Изложбата е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“. Автор е академик Ѓорги Поп-Атанасов и ќе може да се посети до 7 септември.

Манифестацијата ќе трае до 27 август до кога ќе има уште шест настани. За утре е најавено заедничко предавање на академиците Луан Старова и Васил С. Толе - „Полифонија и Полифонисти“, а се однесува на регистрацијата на изополифонијата на списокот на УНЕСКО на нематеријалното наследство и на романот „Полифонисти“.

Следната програмска содржина на Научната и уметничка визита 2018 е на 11 август кога ќе биде промовирана книгата „Лихнид и Десаретија“ од академик Вера Битракова Грозданова, а на 15 август ќе има оперски концерт на тенорот Влатко Груески во придружба на пијанистот Андреј Наунов.

На 19 август во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе се одржи поетски портрет на академик Радован Павловски, на 24 август ќе има поетско читање во рамки на Струшките вечери на поезијата, а на последниот ден од манифестацијата (27 август) ќе биде промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“  по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации. /МИА

Судскиот совет покрена постапка за Владимир Панчевски

Судскиот совет започнува постапка за да утврди дали судијата Владимир Панчевски, додека бил претседател на Кривичниот суд местел судски предмети.

Постапката е тајна па затоа советот не потврдува против кого се води и чија била иницијативата, но потврдуваат дека треба да се утврдува одговорноста на еден судија. Ако се утврди дека барањето да се утврдува одговорност на судијата е основано, ќе се формира комисија на известители.

Според извештајот на независната комисија на министерството за правда, системот АКМИС, бил злоупотребуван, па предметите се делеле на рака. Злоупотреби на системот беа констатирани и во Врховниот суд.

Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година изјавувајќи дека ривалската Демократска партија сакала да ја „уништи земјата“, а ги нападна, како што ги нарече, „медиумите за лажни вести“.

Тој говореше на собирот во Орландо, Флорида која често пати е клучната американска држава  за претседателските избори.

Трамп се очекува да ја добие номинацијата за претседателски кандидат на Републиканската партија.

Во истовреме се уште не е јасно кој би можело да биде кандидат на Демократската партија.

 Досега има пријавено 20 претенденти, а на анкетите води екс потпретседателот на САД Џо Бајден.

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

притисни ентер