Никој не ја преживеа авионската несреќа на швајцарските Алпи (ВИДЕО)

Сите 20 патници и членови на екипажот загинаа  , кога се урна туристичкиот авион , со кој патувале во разгледување на Алпите.

По речиси 24 часа од несреќата , полицијата соопшти дека 11 мажи и 9 жени , од кои повеќето Швајцарци загинале кога се урнал репарираниот авион од Втората светска војна со кој биле на туристичко разгледување на Алпите.

Сопственик на авионот е компанијата Јуер , која нуди патувања со стари воени авиони. Според полицијата , од авионот немало повик за помош што дополнително ќе ја отежни истрагата. Како што изјави Даниел Кнајхт од Агенцијатаз а безбедност на сообраќајот, авионот со голема брзина , речиси вертикално удрил во планинските падини на височина од 2350 метри.

Авионот Јункерс бил направен во 1939 година во Германија , а од 1982 година го користи команијата Јуер , основана од љубители на военото воздухопловство. Компанијата има четири воени авиони Јункер , а досега имало само еден инцидент во 1987 година , кога никој не бил повреден .

Со авионите управуваат воени и цивилни пилоти. Авионот полетал од местото Тичин на југот на Швајцарија и требало да слета на воениот аеродром во близина на Цирих.

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер