Porsche го претстави редизајнираниот модел Macan (видео)

Германскиот премиум произведувач, во Шагај ја претстави редизијанираната верзија од својот најпродаван модел, SUV Macan.

Првата генерација на Macan датира од 2014 година, а овој модел е продаден во повеќе од 350.000 примероци, додека минатата година се продадени тројно повеќе возила од овој модел, отколку од моделот 911.

„Новиот“ Macan не се разликува драстично од оригиналот, а во прашање се ситни дизајнерски промени, со Led фарови како стандарден дел од опремата.

Гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни и немоќни

Започна тридневното гласање за десетите  по ред парламентарни избори кое ќе финишира во среда...

Први кои денеска го остваруваат своето право на глас се болните од Ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација...

Пред седиштето на Државната изборна комисија е Тамара Стојкова.

СЗО: Нов дневен рекорд на заразени со коронавирусот во светот

Во светот во последните 24 часа се регистрирани над 230.000 ново заразени со коронавирусот, што е нов дневен рекорд

Земјите од Балканот никако да ги стабилизираат новите високи бројки на новозаразени со коронавирусот. Здравствените власти во соседна Албанија потврдија 117 новозаразени, што прв троцифрен број на инфицирани за 24 часа. Ова го запали црвеното светло во институциите, а владата во Тирана поради стравот од голем наплив на пациенти донесе итна одлука повторно да ја адаптира болницата „Шефќет Ндроќи“ во Ковид центар.

За време на последните 24 часа, беа направени 585 тестови на лица кои беа суспектни дека се инфицирани од Ковид-19, од кои 117 се потврдени дека се позитивни, зголемувајќи го бројот од почетокот на пандемијата 3571 случај.

Србија која изминативе денови се справува со антивладините протести, се соочува и со понатамошно зголемување на заразените со коронавирусот. Здравствените власти објавија дека вчера се регистрирани нови 287 заразени, а дополнително загрижува и состојбата со болничките капацитети кои се речиси исполнети, а се најавува и адаптација на нови ковид центри. Епидемиолозите предупредуваат дека Србија набрзо не може да очекува стабилизирање на ситуацијата, односно се најавува дуплирање на бројот заразени.

Нови случаи во регинот се регистрараа и во Хрватска и Словенија, а ситуацијата се влошува и на глобално ниво... Во последните 24 часа во светот се регистрирани преку 230.000 новозаразени, што е воедно и нов црн рекорд. На врвот листата и понатаму се наоѓаат САД, а во рекордерите на денот за прв пат се најде Флорида, која изминатово деноноќие потврди 15.000 нови случаи.

Болниците речиси го исполнија капацитетот, имаме околу 19 илјади пациенти со полесна клиничка слика, четиристотини на интензивна, двесте на вентилатори. Очигледно е дека сме преоптеретени во овој момент, што има влијание и врз пациентите кои не се заразени, а за кои треба да се погрижиме.

Доза оптимизам донесоа научниците од Оксфорд кои пред неколку недели објавија дека ја започнале третата и конечна фаза од тестирањето на нивната вакцина против ковид 19, соопштија дека таа ќе прилично евтина, ќе чини колку едно еспресо, односно неколку евра. Светло на крајот на тунелот влева информацијата дека истата ќе биде достапна веќе во септември, а први кои би се вакцинирале се медицинскиот персонал, полицијата и армијата.

Богатствата на Кавадарци отсега достапни и преку виртуелна прошетка

Богатствата на Кавадарци отсега стануваат достапни и преку виртуелна 3Д прошетка од еден вид птичја перспектива. Се мисли на Тиквешко Езеро, Моклишко, малото Доне Попов, многубројните пештери, цркви и манастири, споменици и слично.

Денеска беше презентиран пилот проектот „Виртуелен музеј – наменет за Кавадарци".

– Со дигитализацијата правиме промоција и валоризација на културното наследство, со цел да се подигне нивото на туризмот и да се привлечат домашни и странски посетители, да дојдат и да го го видат потенцијалот на Тиквешкиот регионот и физички, рече Пенелопа Стаматовска од компанијата ВР Порт, која се занимава со дигитализација на објекти и чиј проект беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Таа нагласи дека платформата има и техничка страна, која ќе им е од корист на стручни лица. Додаде дека имаат соработка со општина Кавадарци, а за ваков проект веќе биле заинтересирани и други општини. Стаматовска изрази надеж дека ваква дигитализација ќе има и во други региони.

Јован Деспотовски, директор на ФИТР, го изрази задоволството што е во Кавадарци и информираше дека целиот проект е околу стотина илјади евра, од кои Фондот учествува со 70 проценти, а останатиот дел го обезбедува компанијата.

– Ова е само еден од проектите со кој покажуваме дека се бориме и сакаме да поттикнеме рамномерен регионален развој, нагласи Деспотовски.

Крсте Соколов, раководител на одделение за угостителство и туризам при општина Кавадарци, рече дека проектот го добиваат како еден вид донација, со обврска тој да се одржува во иднина. Се размислува за втора и трета фаза, при што би се вклучил и бизнис секторот и винарските визби, со цел за позабрзан развој на градот.

Платформата ќе биде онлајн и континуирано ќе се надополнува, а целосно готова ќе биде за 18 месеци. /МИА

притисни ентер