Избрана ДИК, донесени измените на Изборниот законик и законите за Влада и за финансирање политички партии

Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 56. седница со 100 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против ги избра претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Во продолжението на седницата беа донесени и измените и дополнувањата на Изборниот законик (99 гласа „за“) и на законите за Влада и за финансирање на политичките партии (со по 101 глас „за“), по скратена постапка.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

Привремениот состав на ДИК е избран со двотретинско мнозинство, и за него, како и за измените на трите закони, гласаа и пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Беса, како што претходно беа договорени.

Со изборот на ДИК се создаваат услови за организирање и реализација на претстојниот есенски референдум за името, кој се очекува да биде распишан во сабота, а да се одржи на 30 септември.

И за составот на ДИК и за измените на трите закони воопшто немаше дебата ниту на пленарната седница, ниту на седниците на матичните комисии, кои експресно гласаа за нив за да може тие веднаш да бидат проследени на пленарна седница.

Со измените и дополнувањата на Законот за Влада се предвидува сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на парламентарни избори, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Парламентот. Ќе бидат избрани и нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и тројца заменици министри, по теркот на „пржинската влада“.

Со измените на Изборниот законик, пак, се допрецизираат неколку одредби со цел да се дорегулира делот од Законот за платеното политичко рекламирање, финансиските средства кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, исплатата на трошоците за објавеното платено политичко рекламирање од страна на Министерството за финансии, како и други прашања поврзани со изборниот процес.

Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии содржи одредби со кои се предлага, како што се наведува во образложението, допрецизирање на одредбите што се однесуваат на финансирањето, контролата на финансиските средства на политичките партии и казните за прекршувањето на одредбите од овој закон.

Собранието избра членови на ДИК и ги донесе измените на трите закони по договорот постигнат од парламентарните партии, а претходно и на лидерската средба во понеделникот. /МИА

Израелците со падобрани им доставуваат вода на своите војници во Газа (ВИДЕО)

Израел со падобрани им испрати седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и прикачија видео од воената акција.

Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат, објави Телеграф.

„Испорачавме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани. Системот „водено снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија “, пишува ИДФ на Телеграм.

„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна. Го користевме товарниот авион Шимшон за испорака“, додава тој.

ЛДП: Врвен приоритет останува брзото присоединување кон ЕУ

Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија (ЛДП) вечерва донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција, што е составена од партии кои се залагаат за полноправна интеграција во Европската унија.

„Согласно стратешките определби на државата, одлучивме на следните избори партијата да биде дел од Европска коалиција. За Македонија не постои друг пат освен брзо приклучување кон европското семејство. Од таа причина, како партија која постојано работи во интерес на граѓаните“, истакнаа од ИО на ЛДП.

Од Извршниот одбор на партијата посочија дека јасно е дека политичките партии во трка за поен плус и од популизам не можат да постигнат консензус за спроведување на големи реформи во клучни области, оттука е неопходно да се почне процесот на преговори низ кои ќе се реформира државата. На седницата на ИО, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП, е предложен генералниот секретар Боби Мојсоски.

Извршниот одбор на седницата формираше и група за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, што е предводена од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени - Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ - Јелена Мишиќ и член на ИО - Горан Петрушев.

,,Не постои друга алтернатива за земјата, како од политички, така и од економски аспект освен полноправно членство во ЕУ. Целта е брзи реформи, за видлив напредок дома. Мнозинството од граѓаните се за членство во унијата каде и природно припаѓаме.

Извршен одбор на Либерално демократска партија (ЛДП)

Целосна доминација на „Барби“ и „Опенхајмер“ за наградата Златен глобус (ВИДЕО)

Летниот кино хит Барби води во номинациите за Златен глобус со девет категории, пред историската драма Опенхајмер која има осум, објави денеска организаторот на филмската награда во Холивуд.

Барби ќе се натпреварува во категоријата за најдобра комедија и мјузикл со American Fiction, The Holdovers и други на церемонијата во јануари што ќе ја започне сезоната на американските филмски награди.

Опенхајмер, со Силијан Марфи во главната улога, меѓу другите ќе се соочи со Killers of the Flower Moon и Maestro во битката за најдобра драма.

Во телевизиските категории најмногу номинации има семејната драма Succession, девет.

Златните глобуси се добар показател за најпознатата филмска награда Оскар што се доделува во март. Тие ќе бидат избрани оваа година од нова организација, откако во јуни беше распуштена непрофитната холивудска асоцијација за странски печат, новинарска група која беше на удар на критики поради етичките пропусти и недостатокот на различност.

Сопствениците на Златните глобуси, Елдриџ Индустрис и Дик Кларк продукција, ја поставија наградата како профитабилен бизнис, а гласачкото тело ќе се состои од расни и етнички различни 300 новинари од 75 земји. Победниците ќе бидат објавени на церемонија на 7 јануари.

притисни ентер