Формула 1 во Мајами најрано во 2020 година

Организаторите на Формула 1 објавија дека евентуалното деби на трка во Мајами ќе биде одложено за најмалку една година, а таа ќе се случи во 2020 година.

Пред неколку дена, беше објавено дека градскиот совет оваа недела ќе гласа за потпишување договор со „Либерти Медија“, но потоа постапката беше одложена за септември. Затоа Ф1 реши трката да се одржи најрано во 2020 година.

Отпаѓањето на ГП на Мајами од календарот за следната година, значи дека тој најверојатно ќе се состои од 21 трка, откако Германија ќе го загуби своето место.

Потенцијалната трка во Флорида ќе биде втора во Соединетите Американски Држави и ќе се приклучи на Големата награда на САД одржана во Остин, Тексас. Одложувањето на Мајами, исто така, значи дека финалната фаза од сезоната нема да се промени, а трките во Остин, Мексико и Бразил, најверојатно, ќе ги задржат своите места. 

притисни ентер