Шампионат на Македонија и Европски Шампионат во Брзински Мотоциклизам 2018

Изминатиот викенд за прв пат после повеќе од 10 годишна пауза Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на два натпревари од БМУ Европскиот Шампионат во Брзински Мотоциклизам за 2018 година.

Oдличен натпреварувачки викенд на патеката во Серес, Грција.

Изминатиот викенд за прв пат после повеќе од 10 годишна пауза Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на два натпревари од БМУ Европскиот Шампионат во Брзински Мотоциклизам за 2018 година. Натпреварите воeдно беа предвидени да бидат дел од Шампионатот на Македонија за 2018 година, но поради недоволниот број македонски натпреварувачи, оваа година иститe ќе биде од ревијален карактер.

Одличниот натпреварувачки викенд и борбата која во сите класи за БМУ Европскиот Шампионат ја приредија околу 70 натпреварувачи во 5-те класи, беше навистина убава причина за сите кои присуствуваа на патеката во Серес да уживаат во мото натпреварите.

Македонските натпреварувачи на овој натпревар се претставија во одлично издание во конкуренција на финансиски многу помоќните  тимовите од Бугарија, Турција и Романија.

Во најмалата класа, класата 125 кубни сантиметри, Христијан Бузалковски го освои подиумот на натпреварот во Саботата и второто место во Неделниот натпревар.

Во класата Формула 1000, Слободан Ивчевски го освои третото место на натпреварот во Неделата.

Дебитантите на овој натпревар Филип Филиповски во класата Формула 600 и Менде Бошевски во класата Формула 1000 извозеа добар натпревар, со константно возење и освоени 10-то и 14-то место.

Мотоциклистичка Федерација на Македонија

притисни ентер