Концерт за две пијана со Сун Хи Јоу и Марко Чампи на „Охридско лето“

Музичката програма на годинашното 58. издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт за две пијана на уметниците Сун Хи Јоу и Марко Чампи на сцената на катедралната црква „Света Софија“.

За пијанистката Сун Хи Јоу критиката вели дека е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја одушевува публиката низ светот. Уште од самото нејзино деби таа од дете-гениј прераснува во комплетен музички артист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на барокот, па сè до дела од дваесеттиот век. Има издадено и неколку компакт-дискови.

Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, тоа го докажува и фактот што досега има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ во Неапол во 2003 година со највисоки оценки. Како солист, Чампи досега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио станици.

На програмата на вечерашниот нивен настап насловен „176 дирки – боите на црното и белото“ се дела на Лист, Шопен, Дибиси, Лугославски, Бетовен, Гершвин, Гулда, Капустин, Пјацола, авторски композиции на маестро Чампи, како и популарни мелодии на познати изведувачи. /МИА

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер