Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Балканот е подготвен за музичките награди „МАЦ“

Љубителите на музиката од целиот регион наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени нумери и изведувачи.

И со тоа да ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на регионалните музички признанија MAC (Music Awards Ceremony).

Признанијата на најдобрите изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат доделени на 29 јануари 2019 година, на спектакуларната манифестација во Штарк арената, на која ќе учествуваат повеќе од 60 познати личности од регионот.

Најголемите музички ѕвезди од нашите простори веќе ги следат MAC, а Горан Бреговиќ со фотографија ги повика љубителите на добрата музика и одличната забава да го проследат настанот. Воодушевувањето од идејата за прво доделување на музички награди стигнува од уште една голема регионална музичка ѕвезда – Тони Цетински:

„Долго регионот чекаше на настан каков што е MAC. Музиката ги спојува луѓето, и сигурен сум дека овој пат ќе нè спои на најдобар можен начин. Се гледаме на 29 јануари!“

Првиот, иницијален избор на нумери и изведувачи за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, раководејќи се од свои релевантни параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите. На тој начин веќе ќе се уважат мислењата на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фаворити, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците на категориите.

Видео: Убаво претпразнично изненадување на момците од „Дрим тим“

„Сладок си мој животе“ е насловот на најновото музичко парче на момците од Дрим тим.

Станува збор за проект зад кој стојат Коки Коцев како автор на музиката, Орце Зафировски, чиј е текстот, и Ангел Ќосев кој го потпишува аранжманот. Песната, која добро ќе ве размрда во овој претпразничен период е снимена во студиото Подрумот, додека видеото е направено за време на американската турнеја на Дрим тим.

„Велат спонтаните работи се најубави, така излезе и со спотот за оваа тема. Идејата се роди случајно, сакавме убавото патување во САД, а за време на кое имавме можност да се видиме и дружиме со наши драги луѓе да го овековечиме со спот, и така и се случи. Песната е убава, позитивна, па сакавме и целата атмосфера во спотот да биде таква“, велат момците од Дрим тим.

И тука не завршуваат новитетите од нив - наскоро ќе следува и продолжението од проектот Етно Балкан, односно вториот дел, кој повторно се работи во режија на маестро Велков и Дрим тим. Во завршна фаза се и инструменталните дела на Никола Коцев – труба, кој за следната 2019 година најавува албум; Александар Ангелов – кларинет, како и Сашко Велков, кој подготвува нова композиција што би требало да биде промовирана во исто време со спот. Нов материјал, односно нови песни од веќе проверената екипа - С. Велков, Н. Коцев и А.Ќосев, се подготвува и за вокалот Дејан – Чуле.

До премиера и промоцијата на најавените проекти и сето она на кое момците веќе извесно време работат со полна пареа ќе следуваат гостувањата низ Европа, односно дочекот на Новата 2019 година во Германија, и репризата односно одбележувањето на Василица во Швајцарија каде Дрим тим се на 12 и 13 јануари.

Јаготка на шлагот во следната 2019 година или заокружување на една приказна ќе биде јубилејниот концерт на составот, кој е замислен како убаво патување низ кариерата и една голема дружба со колегите со кои соработувале. Се вели ’денот по утрото се познава’, па ако имаме вака набиена агенда за стартот на 2019 што ли се ќе се случи до крајот на годината.

Научниците предупредуваат, Земјата до 2030 год. ќе се врати во состојбата од пред 3 милиони години

Научниците предупредуваат дека климата на Земјата во 2030 година ќе биде како пред три милиони години, пишуваат истражувачите во студија објавена во магазинот на „Американската научна академија“.

Тоа е периодот на средината на Пилоцен, кога на Земјата владеела суша, Северна и Јужна Америка се уште не биле споени, Гренланд не бил замрзнат, а нивото на океаните било 18 метри повисоко од денешното.

Просечната температура тогаш вила од 1,8 до 3,6 степени Целзусови повисока од денешниот просек.

-Одиме кон многу драматични промени во исклучително кратко време, изјавил Џек Вилијамс, професор на наука за Земјата и стручњак за палео-екологија и климатологија на Универзитетот во Висконсин.

Ако се продолжи со испуштањето на јагледордиоксидот во атмосферата како досега, истражувачите проценуваат дека до 2150 година Земјата ќе се врати во состојба во која била пред 50 милиони години, во зората на еволуцијата на првите цицачи, кога веќе одамна биле изумрени диносаурусите(пред 65 милиони години).

На замрзнатите капи на половите на Земјата им треба уште долго да се стопат, така да Гренланд нема повторно да стане зелен веќе во следниот век, изјавил професорот Вилијамс.

За тоа време нито нивото на океаните нема да порасне за сите 18 метри. Но, загревањето ќе ги изненади живите суштества на кои им биле потребни милиони години да се развијат во сегашната форма.

-Поради тоа многу животно ќе исчезнат, дополнил професорот Вилијамс во изјава за АФП.

притисни ентер