Како тема на разговор на претседателите на четирите најголеми политички партии од македонскиот и албанскиот блок се очекува да се најдат и барањата од опозицијата за законот за финансирање на политичките партии и барањето за пржинска влада.
Дел од познавачите на состојбите не очекуваат надминување на несогласувањата.
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пак - оптимист. Очекува дека на лидерската ќе се најде решение за стратешките прашања.
ДУИ активно ќе партиципира во референдумското изјаснување и ќе го подржиме до крај, бидејќи тоа е најдоброто решение за државата, што е идентичен став и на другите албански политички партии во земјава – изјави Бујар Османи – Вицепремиер за европски интеграции.
Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на лидерската и денеска со меѓусебни препукувања. Од опозицијата обвинија дека власта не се води по европските принципи.
Граѓаните заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата.
Од СДСМ пак возвратија дека Македонија повеќе не е заробена држава, а граѓаните ќе го поразат однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразат и нивното деструктивно однесување. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи македонската иднина
На собраниска седница, утре ќе се најдат и измените на изборниот законик, кои минатата недела ги поминаа комисиските расправи, а со кои се предвидува изборот на нови членови на ДИК, наместо со 2/3 мнозинство, да се врши со 61 пратеник.
Од утрешната средба тука во клубот на пратеници, ќе зависи дали ќе се најде консензус помеѓу политичките партии за ДИК од чие што формирање пак зависи одржувањето на референдумот на есен.