Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

Ужас во БиХ – Татко си ги убил трите мали деца , па се обесил

Вечерва во босанскиот град Бихаќ се случила семејна трагедија , кога татко си ги убил трите малолетни деца , а потоа се самоубил.

Трагедијата се случила вечерва во населбата Мали Луг. Според босанските медиуми , едно од децата одело во трето одделение , а двете други биле малечки.

Мотивот за ваквото злосторство не е познат , освен дека пред дваесетина дена , сопругата си заминала од домот и ги напуштила своите деца. Во тек е истрагата и полицијата најавува повеќе информации по завршување на увидот.

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија денеска не сакаше да коментира за одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија.

Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања на маргините на средбата.

Пред Самитот на ЕУ секоја политичка партија се состанува на партиско ниво за координација. На предсамитот на ЕПП беа присутни, меѓу другото, Виктор Орбан, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Андреј Пленковиќ, Себастијан Курц и други.

Јоханес Хан, кој е инаку и потпретседател на ЕПП, изјави дека не очекува никаков одговор од Орбан, освен дека се е согласно законот и владеењето на правото во Унгарија.

Запрашан дали стравува дека Будимпешта би можела да ја блокира Македонија во делот на судството поради Груевски, Хан изјави дека "очигледно не".

-Имавме состанок неделава во Советот за надворешни работи и потврдено беше дека Македонија е речиси водечка земја во процесот на проширување во регионот, рече Хан.

На влезот на предсамитот на ЕПП МИА го праша и кандидатот на оваа партија за следните европски избори, Манфред Вебер, дали има став за азилот на Груевски, но тој само кусо одговори дека нема да ја коментира оваа тема.

Виктор Орбан и Себастијан Курц, исто така, одбија да одговорат на прашањето.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека е запознаен со овој случај, но дека „за сега не сме расправале за тоа", без да даде повеќе детали за тоа дали темата воопшто ќе дојде на дневен ред. /МИА

Во тек е голема полициска акција во Стразбур (ВИДЕО)

Голема операција на француската полиција е во тек во квартот Неудорф во Стразбур.

Француските полицајци се во потера по Чериф Чекат , кој пред два дена уби 3 лица и рани 12 во терористички напад. Полицијата го бара и неговиот брат.

Специјалците со тешко вооружување ги пребаруваат куќите долж улицата Епинал. Министерот за внатерешни работи , Кристоф Кастане изјави дека станува збор за контроли какви што имало во последните 36 часа и апелира на смиреност кај жителите на населбата.

Во овој декл од градот целосно е запрен сообраќајот , а на новинарските екипи им е забрането да се приближат на местото на акцијата.

притисни ентер