Повеќе од 1,7 милиони бегалци наскоро ќе се вратат во Сирија?

Повеќе од 1.7 милиони сириски бегалци би можеле во блиска иднина да се вратат во своите домови во Сирија, соопшти руското министерство за одбрана.

Министерството соопштило дека на Вашингтон му испратило детални предлози за организирано враќање на бегалците во Сирја после договорот меѓи претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

Претставникот на руското министерство Михаил Мизинцев изјавил дека Сирија ја напуштиле повеќе од 6.9 милиони луѓе од 2011 година, а се наоѓаат во 45 земји, пренесува „Тасс“.

„Повеќето од бегалците сместени се во соседните земји – Турција, Либан, Јордан и Иран“ – навел Мизинцев.

Истражување: Средношколците потврдуваат постоење врсничко насилство, нема механизам за превенција

Вербалното и психичко насилство е се поприсутно во средните училишта.

 70 проценти од испитаниците кажале дека има насилство или биле жртви или сведоци во вакви ситуации, се истражувањата што ги направаила невладината „Сега“.

Омаловажување, групна агресија на едно еден ученик, навреди се она што го кажале жртвите на насилство. Но во истражувањата оние што потикнувале насилство биле многу тивки, скоро и да не учествувале.

Децата најчесто за насилството зборувале со родтителите, дел од професорите тоа го гледале како врсничко недоразбирање и кавги.

Исптиувањето е направено на ученици од 13 до 18 години. Најопфатени биле оние од 15 до 17 години во осум училишта во цела Македонија.

Османи-Рот: За една недела Бундестагот ќе даде зелено светло за старт на преговорите

Германскиот Бундестаг за една недела ќе даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на  Македонија во ЕУ. 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Берлин со државниот министер за Европа и претставник на Германија во ЕУ, Михаел Рот, добил потврда дека германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на Македонија и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите за старт на пристапните преговори во октомври.

– Доаѓам на само една недела пред седницата на Бундестагот кога ќе се отвори точката за поддршка на европските интеграции на Република Македонија, да ја пренесам благодарноста на Владата за вашите несебични напори да ѝ обезбедите на мојата земја зелено светло за старт на преговорите, истакна Османи на средбата, изразувајќи и лична благодарност до Рот, за неговиот пријателски однос и  личен придонес во успехот на европските интеграции на земјава.

Османи реферираше и за последните актуелности во земјава, нагласувајќи дека Владата е истрајна и посветена во отстранувањето на сите формални и неформални забелешки кои можат да претставуваат предизвик за одлуката во октомври.

– Остваривме напредок во сите посочени области од страна на Европскиот Совет, и во континуитет остваруваме солиден „трек-рекорд", успешна имплементација на донесените реформи", истакна Османи.

Од Берлин, Османи патува за Варшава, каде што ќе има средба со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе разговара и со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович.

Посетите на Берлин и Варшава се дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи низ европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ, соопштуваат од СЕП.

Центарот на Скопје кај „Рекорд" попладнево од 18:00 ќе биде пешачка зона

 Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019, попладнево во центарот на Скопје ќе се одржи Велофиеста на улицата „Димитрија Чуповски", кај „Рекорд", која од 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Како што информира Град Скопје, на коловозот на улицата „Димитрија Чуповски" од 19 часот ќе се организира дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.

– Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор и да видиме како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина, ослободен од моторизиран сообраќај. Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини и за нив и за возрасните, повикува градоначалникот Шилегов.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019, кои се посветени на алтернативните форми на транспорт, се организираат под мотото „Пешачи со нас". Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар", а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, ГИЗ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други. 

притисни ентер