Видео: Мекларен рачно изработува суперавтомобили

Британскиот производител на автомобили Мекларен ги бележи најдобрите резултати во својата историја кога станува збор за продажбата. Минатата година се испорачани рекордни 3340 возила. 

Откако компанијата од Вокинд се сконцентрира на производство на автомобили за обични патишта, Мекларен  постепено станува заштитен знак на класата на суперавтомобили.

Секој Мекларен се прави рачно, а дневно се склопуваат околу 20 автомобили.

Компанијата одлучи со кратко видео да  покаже како изгледа рачното производство.

Раководството на Мекларен во моментов  има големи амбиции, челниците планираат да лансираат 18 нови модели на Мекларен до 2025 година.

притисни ентер