Шест години затвор за бизнисменот Сеад Кочан

-Судот, обвинетиот Сеад Кочан го осудува на казна затвор во трање од 6 години. Согласно член 275 став шест од кривичниот законик.

Судот на обвинетиот Сеад Кочан му изрекува и забрана за вршење професија, дејност или должност, да биде управител, одговорно лице во правно лице односно член на органи во правно лице во траење од 3 години“, оваа е пресудата што ја прочита претседателката судскчкиот совет за случајот „Труст“, судијката Лидија Зимбовска.

Тендерот за ископ на јаглен и јаловица во РЕК Битола на бизнисменот Сеад Кочан му донесе затворска казна од шест години, на второобвинетиот Василе Авировиќ три години затвор. Тие се прогласени за виновни во судскиот процес „Труст“, за злоупотреба на јавна набавка. Авировиќ пресудата не ја слушна од обвинителна клупа, поради здравствената состојба. Одбраната најави жалба, бидејќи смета дека тој не злоупотребил јавна набавка.

Затворската казна на Сеад Кочан и Василие Авировиќ нема да стартува веднаш. Треба прво да ја добијат пресудата па отпосле имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“ една година нема да учествуваат на тендери. На компаниите им се конфискува имотот во вредност од 17,3 милиони евра. Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски ја позрави одлуката на судот и рече дека 90 проценти од средствата се обезбедени – и во пари и во имот. За Кочан СЈО не побара привор, бидејќи има парична гаранција и му е одземен пасошот.

„Тие шест години се доволни по однос на тоа што го бара кривичниот законик и ние сметаме дека ќе се постигне и специјална и генерална превенција за ваков вид на кривични дела и да ги одврати и други сторители од ваков вид на кривични дела, тогаш не би го обжалиле, меѓутоа доколку сметаме дека е малку, тогаш секако би го обжалиле тој дел“, изјави обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски.

Ослободен од обвинение е Сафет Ватиќ. Тој заедно со потесното семејство и со адвокатот, од судот излегоа со позитивни реакции.

„Тежок, обемен и сложен процес. Од овој процес семејството Васиќ излезе со чст образ и крената глава. Во нивно име, благодарност до сите институции што стигнаа до правдата“, изјави Ванчо Митев, адвокат на Сафет Ватиќ.

„За нас правдата е достигната, правдата стигна. Еве сега конечно гледаме дека со оваа нова власт и со овие судења, тотално правдата достигна до секого кого е праведен“, изјави Мујо Ватиќ, сопственик на фирмата „ВАТО“.

Судскиот процес „Труст“ траеше точно 8 месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи деобиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра.

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

Прв круг претседателски избори, Канал 5 на избирачките места во Кисела Вода

Утринава Канал 5  беше на  отворањето на гласачките места во скопските Општини Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Таму гласањето течеше мирно, без поголеми проблеми. Во моментов нашата екипа е во Кисела Вода во средното училште Васил Антески Дрен. Таму е Дејан Трајковски.

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи

Времето денеска променливо облачно и потопло.

Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа - 29 литри на квадратен метар.

Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Скопје (Зајчев Рид), Охрид и Берово, 8 степени во Скопје (Петровец) и Кавадарци, 9 во Куманово, 10 во Штип, Струмица, Крива Паланка, Велес, Виница и Гевгелија и 11 степени во Демир Капија и Виница.

Во изминатото деноноќие, според мерењата во 7 часот за наврнат воден талог, 26 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 24 во Тетово, Маврови Анови и Охрид, 23 во Битола, 22 во Штип, 20 во Ѓуриште, 18 литри на квадрат во Претор и Крушево, 17 во Прилеп и Куманово, 15 во Скопје (Петровец) и Виница, 14 литри во Гевгелија, 13 во Скопје (Зајчев Рид), Крива Паланка, Кавадарци и Тополчани, 12 во Велес, 11 во Струмица, 10 литри во Берово, 9 во Лазарополе, 7 во Дојран и 5 литри на квадратен метар во Демир Капија.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

-Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена, инфоримира УХМР.

притисни ентер