Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.
Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.
-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово
Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.
Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.
-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода
-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар
Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.
Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.