Сите зборуваат за изразот на лицето на Меланија по средбата со Путин (видео)

Релацијата и природата на односите меѓу Америка и Русија не престануваат да бидат во центарот на вниманието на јавноста во светот.

Тоа што сега стана многу индикативно е изразот на лицето на Меланија Трамп која беше во службена посета со американскиот претседател Доналд Трамп.

После ракувањето со рускиот лидер таа во камерата покажа навистина необично лице.

А теориите зошто имала таков израз почнаа да се нижат...

Имено, американскиот претседател Доналд трамп се сретна со рускиот колега Владимир Путин на самитот во финскиот главен град Хелсинки.

Заедно со Трамп беше и Меланија, а овој пат нејзиниот стајлинг не беше во прв план, како ни однесувањето на Трамп спрема неа.

Таа покажа ужаснат поглед откако се ракуваше со Путин.

Имаше и такви кои се сомневаат дека снимката настанала со монтажа, но оригиналната снимка на „ЕнБиСи“ ги демантираше тие наводи.

Иако е тешко да се знае што мислела во тој момент, на твитер веќе се “развија“ неколку теории – од тоа дека во очите на Путин видела зло, до тоа дека не може да го поднесе рускиот лидер.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер