Доминација каква Балканот не ја видел! Саша Поповиќ дава пет милиони евра и тоа на ова!

Ја премина границата.

Саша Поповиќ гради хотел од пет милиони евра. Како што пренесува српски Информер, директорот на

„Гранд“ купил еден стар објект во близина на езерото Трешња на Авала, каде се снимани славните сцени на Ѓенка и Кристина за филмот„Маратонците го трчаат почесниот круг“.

Тој хотел со години пропаѓал, а се наоѓа на одлична локација, па Попович решил да инвестира и направи луксузен комплекс.

-Саша подолго време го меркаше да го купи, а неодамна направи бизнис - план како да профитира. Во комплексот ќе вложи пет милиони евра, но инвестицијата ќе му се исплати затоа што тоа ќе биде оаза за богаташите и моќниците кои сакаат да се одморат“, открива извор близок до Поповиќ.

Директорот на Гранд на архитектите и дизајнерите им дал насоки за тоа како сака да изгледа неговиот хотел: „Иако е во близина на езеро, во рамките на комплексот ќе има надворешен и внатерешен базен, како и спа центар и теретана,а собите ќе бидат луксузно опремени. Посебен плус е самата локација, а жителите на местото Сопот се пресреќни што на таа локација повеќе нема да биде урнатина туку луксузен комплекс кој и за нив ќе има бенифит и ќе го заживее нивното место.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер