Путин: Русија нема компромитирачки материјали за Трамп, санкциите спрема нас беа неуспешни

Русија нема никакви материјали што би го компромитирале американскиот претседател Доналд Трамп, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата „Фокс њуз“.

„Немаме никакви компромитирачки материјали и не можеме да имаме. Се плашам да не го навредам господинот претседател Трамп и да излезам нељубезен, но пред да објави дека ќе биде кандидат за претседател, тој не претставуваше никаков интерес за нас“, рече рускиот претседател во интервјуто кое го даде во Хелсинки.

Според него, напорите на западните земји да ја изолираат Русија, пропаднале.

„Гледате дека тие напори не беа успешни. И не можеа да бидат успешни, со оглед на големината и значењето на Русија во светот, вклучително и во глобалната безбедност. А и во економијата, имајќи ја предвид енергетската компонента на светската економија како минимум“, изјави Путин.

Тој рече дека Русија ќе биде крајно негативна кон понатамошно проширување на НАТО со Грузија и Украина.

„За нас тоа е директна закана за нашата безбедност. Придвижувањето на инфраструктурата на НАТО кон нашите граници ќе претставува закана за нас и ние ќе се однесуваме кон тоа крајно негативно. Но денеска со претседателот Трамп не зборувавме за тоа“, нагласи рускиот претседател.

Тој исто така додаде дека Трамп го смета Крим за дел од Украина.

„Информирани сме за ставот на претседателот Трамп, дека Крим е дел од Украина. Тој ми го кажа тоа денеска“, изјави Путин и додаде дека според Москва, Крим не е анектиран и оти населението гласало за присоединување кон Русија.

„Ако тоа е анексија, тогаш што е демократија“, праша рускиот претседател.

Според него, односите меѓу Русија и САД не треба да станат заложници на американската истрага за вмешаноста на Русија во претседателската кампања во САД во 2016 година.

„За мене е доволно јасно дека станува збор за внатрешнополитичка борба во Соединетите Држави“, рече Путин во врска со истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер кој обвини 12 агенти на руското разузнавање пред вчерашната средба меѓу Путин и Трамп.

Путин исто така му кажал на Трамп, дека Русија е подготвена да го продолжи Договорот за намалување на стратешките оружја СТАРТ откако ќе истече во март 2021 година.

– Го уверив претседателот Трамп, дека Русија е подготвена да го продолжи тој договор, но прво треба да се договориме за конкретни работи, затоа што имаме прашања кон нашите американски партнери. Ние сметаме дека тие не го исполнуваат договорот во целост, но тоа треба да го решат експерти, рече тој.

Путин ги отфрли обвинувањата дека се променил откако првпат беше избран за претседател на Русија во 2000 година, кога бил фален како реформатор и демократ.

„Во ништо не сум се променил, јас сум таков, каков што сум, каков што сум бил отсекогаш. Бев избран за претседател на Руската федерација како возрасен маж. На таа возраст односот кон животот не се менува, но треба да се реагира на она што се случува околу нас“, изјави Путин во интервјуто.

Ники Минаж ја гаѓаа со шише од публиката, таа им врати (ВИДЕО)

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Често се случува разни предмети да завршат на сцената, а овој пат Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој ѝ фрлил пластично шише.

И тогаш таа реагирала.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се тргнала настрана од шишето, а потоа го зела и со иста мерка му го вратила, по што почна да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност. Карди Б ја гаѓале со вода па го фрли микрофонот кон „фанот“.

Биби Реџа минатата година за време на настап беше удрена со мобилен телефон по лице, па од болки се струполи на бината и подоцна ги покажа модринките. Хари Стајлс бил погоден во око на концерт во Виена во 2023 година, пишува Buzz Feed. Го држеше лицето додека излегуваше од бината. Раперот Лил Наз Икс за малку ќе го погодеше секс играчка на настап во Шведска. Оливија Родриго доживеала непријатна ситуација во Њујорк, кога букет цвеќе од публиката ја погоди во лице.

Лавров се закани: Западот опасно си приближува до директен воен судир меѓу нуклеарните сили

Русија го предупреди Западот дека ризикува да започне „директен воен конфликт“ со Русија и другите нуклеарни сили.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференција во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена, пишува „Експрес“.

„Западњаците опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици“, рече тој.

Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата пренесена од руските државни новински агенции, рече: „Одлуката ќе ги направи Соединетите држави побогати, дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, за сето тоа е виновен режимот во Киев“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори истото мислење на Телеграм: „Американската воена помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши глобалната криза“.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека одобрувањето на новата помош за Украина е „русофобично“ и дека ќе го зголеми бројот на жртвите од војната.

На Телеграм исто така порача. „Не можам со сета искреност да посакам САД да се втурнат во уште една граѓанска војна што е можно поскоро.“

Предлог-законот се очекува да биде одобрен кон крајот на оваа недела, по што се очекува претседателот Џо Бајден да го потпише и да стане закон.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

притисни ентер