Трамп и Меланија на свечена вечера – демонстрантите пред палатата (ВИДЕО)

Пред палатата Бленам , каде Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија се поканети на вечера со премиерката Тереза Меј , се насобраа илјадници демонстранти.

Претседастелот Трамп во црн костум , Меланија во жолт свечен фустан пристигнаа со хеликоптер во Оксфордшајр, во палатата Бленам.

На средбата ќе се разговара за трговијата меѓу двете земји по Брегзитот, бидејќи како што вели Трамп , Британија е во преодна фаза. Демонстранти има и пред амбасадата на САД во Лондон , каде Трамп ќе преноќева.

Силно обезбедување е поставено насекаде низ Лондон , иако Трамп рече дека,,Бфританците многу ме сакаат “ и дека е во ред што организираат протести. Еден од најинтересните објекти што ќе ги види утре Трамп при посетата на Британскиот парламент , е огромниот жолт балон , висок 6 метри со лик на Трамп како инаетливо бебе.

Африм Гаши ќе формира нова партија

Членството на крилото „БЕСА“ предводено од Африм Гаши побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата.

Поради тоа Гаши и неговите поддржувачи се откажуваат од спорот и ќе формираат нова партија.

Новата партија треба да биде регистрирана наскоро, и ќе го носи името „Алтернатива“. Со тоа „БЕСА“ останува на Билал Касами.

Оваа одлука беше донесена на вчерашната средба на централното собрание предводено од Гаши.

По локалните избори во партијата „БЕСА“ настана внатрепартиски раскол, поради незадоволството од постигнатите резултати.

Силјановска: Ќе се залагам за намалување на претседателските ингеренции

Викендов е избран првиот учесник во шестата по ред претседателска трка.

Тоа е универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова која со 408 гласови од делегатите  на саботната конвенција беше избрана за кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ, оставајќи го далеку зад себе Владимир Ѓорчев кој освои само 80 гласа.

Силјановска порача дека ќе бара широка општествена поддршка вклучително и од СДСМ бидејќи е надпартиски кандидат.

Меѓу другото рече дека ќе се залага за намалување на претседателските ингеренции.

Дескоска :Министерство за правда се уште е без одговор за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Министерството за правда на Грција се уште е без одговор на барањата за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Министерството за правда на Грција се уште е без одговор на барањата за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, што се клуч во судскиот процес, вели за порталот Етнос.гр, министерката за правда, рената Дескоска од Солун, по учеството на првиот „Thessaloniki Regional Forum“.

-Неколку пати, официјално го испративме нашето барање до министерството за правда на Грција, но не добивме никаков одговор од грчкиот министер. Последен пат кога испративме документ беше минатиот ноември, а се очекува одново да го поставиме прашањето до грчките власти. Двајцата се клуч за судскиот процес на Груевски, вели Дескоска за грчкиот медиум

Во мај минатата година, врховниот суд на Грција, повикувајќи се на амнестијата од претседателот Иванов, го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски.

притисни ентер